Американскиот Институт Вен ја осуди Грција кршењето на верските права на Македонците

Американскиот институт Вен, кој се залага за почитување на верските слободи во светот, ја критикува Грција поради кршењето на правото на верските заедници, вклучително и македонската, слободно да ја почитуваат својата вера.




Институтот Вен, во своите забелешки, тргнува од неодамна објавениот извештај на Обединетата македонска дијаспора, во кој се изнесуваат примери за кршење на правото на вероисповед.

- Положбата на македонското православно христијанско малцинство во Грција е очајна. Грчката Влада две децении одбива да издаде дозвола да се возобнови Македонската православна црква во Аридеја и има воспоставено комплицирани процедури со кои го казнува големото мнозинство на македонското население, како на пример одбивањето на грчките попови да крштеваат деца со македонски имиња. Раководството на Грчката православна црква како митрополитот Антимос од Солун активно повикуваше на насилство кон Македонците на грчката државана телевизија. Мрежа на информатори на ГПЦ, како јавни службеници на грчката држава, соработуваат со тајната полиција за да ги задушуваат македонските активности за поддршка на човековите права во земјата, пишува институтот Вен.

Во извештајот на Обединетата македонска дијаспора, кој го пренесува Институтот, се наведува дека во Грција, Грчката православна црква според уставот е прогласена за доминантна државна религија, со што свештениците само на оваа заедница се водат како државни службеници, а ширењето други вери, како и постапки како кремирањето, се забранети. Инсититутот Вен ги наведува примерите на судското гонење на турските муфтии од градот Ксанти, како поткрепа дека грчката држава го смета самото постоење на други религии како надвор од законот.

Меѓу верските заедници кои се наведени како обесправени во Грција, се разните христијански групи покрај верниците на Македонската православна црква, муслиманите, еврејската заедница, католиците, сиентолозите, Јеховините сведоци, мормоните, евенгелистите и разните протестантски групи.

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Австрија домаќин на конференција посветена на системи за автономно оружје

Во Виена денеска почнува дводневна меѓународна конференција за системи за автономно оружје, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи испрати покани за конференцијата на тема „Човештвото на крстопат: Автономни системи за оружје и предизвикот на регулативите“ откако експертските разговори под покровителство на Обединетите нации во Женева во последните 10 години не доведоа до разговори на дипломатско ниво.

На форумот се очекува да присуствуваат претставници од околу 130 земји, како и од Обединетите нации, невладини организации и истражувачки институти. Системите за оружје, кои самостојно таргетираат и ангажираат цели користејќи вештачка интелигенција, се во центарот на дискусијата, особено со оглед на конфликтите во Газа и Украина.

На дневен ред се и прашања како што се употребата на технологии за вештачка интелигенција од страна на терористите и опасностите од трка во вооружување со системи за вештачка интелигенција.

Ќе биде подготвен извештај до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за следната седница на Генералното собрание на ОН. /МИА

Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

- Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.

Фото: Фејсбук на ЗОО Скопје

притисни ентер