Американски новинар во 1917г. во Битола:што сте вие Бугарка или Србинка?- Јас сум Македонка!

Новинарот Херберт Кори бил воен известувач на „Нешионал Џеографик“ за време на Iта Светска Војна во Македонија, патувал и ги опишал ужасите направени од Бугарската Војска, убиства, бесење, гранатирање но добил и одговор - Јас сум Македонка!

Ова е само дел од записите на магазинот Нешионал Џеографик кој за среќа се уште има многу оригинални копии, а во кој новинарот Кори многу убаво нотирал дека патува низа Македонија и дека сретнува Македонци.
Но она што е најтажно во целото негово патеписание е фактот дека Македонците бил сериозно злоставувани од страна на Бугарската војска, особено по пробивот на Српската војска. Следуваат неколку моменти од тоа специјално издание на Нешионал Џеографик - насловено како „On the Monastery Road" или „По патот накај Битола“. Оригиналното списание се наоѓа во продажба и на онлајн продавниците Амазон и Ebay
Следуваат неколку извадоци текстови од целото специјално издание , кои за жал ги опишуваат трагичните моменти на Македонците во Првата Светска Војна, наши предци кои многу страдале од оние кои „наместо да ни бидат браќа, сакаат и сакале да ни бидат татковци “ ( изјава на Премиерот Заев н.з. ).
Прочитајте ги овие тажни сведоштва на наите македонци од пред 100 години, за нивните страдања од Бугарската војска, а нотирани од новинарот Херберт Кори


„Нешто такво нешто се случи во Брод ( Македонски Брод н.з. ). Ова е град со фер големина за северниот дел на македонската земја. Можеби има 150 куќи расфрлани на падините на карпестиот рид или потонати во гнасната кал на долината на реката Црна. Тука Бугарите се однесуваа „прилично добро“, рекоа селаните. Некои од мажите беа претепани, а некои беа однесени за да копаат ровови, а некои бегаа кон ридовите; но градот не бил изгорен и жените не биле малтретирани. Селаните беа благодарни.“
Па продолжува...

„Еден селанец ја раскажал селската приказна ( за село Сливица н.з. ).
„Бугарите не беа љубезни со нашиот Татко ( претходниот Поп н.з. ) тука“, рече тој, посочувајќи го Попот. „Исто така, тие беа сурови кон нас“. Попот се смешкаше безобразно. Никогаш не сум видел Поп ( „новиот“ Поп бил Грк н.з. ) кој изгледаше дека е во толку лоши односи со своите парохијани. Тој на половина разговор се сврте да си оди. Потоа пак се сврте назад, како да сакаше да ја слушне приказната.
Селанецот продолжи :„Бугарите рекоа дека ќе го обесат нашиот Поп на пладне ако не им дадеме 200 динари“, импресивно рече селанецот. Ми се чинеше дека Попот не сакаше да им се сретнат погледите со селанецот.
'Што направи?' го праша српскиот офицер кој го спроведуваше истрагата. Селанецот објасни дека жителите на Сливица се многу сиромашни. Немале 200 динари. Понатаму, повеќето од жителите на Сливица се криеле во ридовите кога дошле Бугарите.
„Значи, единственото нешто што можевме да го сториме за нашиот Татко ( претходниот нивен Поп )“, рече селанецот, весело, „беше да ги замолиме Бугарите да го одложат настанот за во 4 часот. Тоа ќе им даде време на нашите луѓе време да се симнат од ридовите и да го видат обесен нашиот татко “....завршува тука „исповеста“ на македонскиот селанец какви „ браќа“ ни биле Бугарите во 1917 год.
Новинарот Кори при крајот на својата патеписна репортажа која ја правел заедно со трупите на Алијансата, односно Србските , Германските и Француските војници кои имале задача да ја истераат Бугарската војска навор од Македонија, забележува што правела таа иста Бугарска восјак при повлекувањето, па вели:

„Денес патот завршува кај Битола. Вистина, градот се наоѓа како на раскрсница меѓу Ниш, Скопје и Прилеп на север од една страна , а од друга страна ги преминува ридовите до Јадранското Море. Но, преку овие овие линии се наоѓа бугарската линија. Битола е град со 40.000 жители, прилично чист според источните стандарди, добро изграден, со широки улици и мала река што минува низ својот убав булевар. Беше заробен од сојузниците во ноември 1916 година, но Бугарите ги држеа ридовите од кои се командуваше. Тие го гранатираа Битола секој ден до средината на април и можеби сега го гранатираат, затоа што не сум таму сега.
Тоа беше дури и одвратен вид на гранатирање што тие го изведоа ( мисли на Бугарската војска н.з. ). Иако имале доволно количество на топови, понекогаш фрлале околу 210 гранати среде шеталиштето на градот само за да го докажат тоа, најголемиот дел од пукањата кон градот се одвивале со т.н. теренските парчиња од 77 калибар. Гледате колку блиску беа до градот - оддалечени само на четири или пет километри. Ноќе, можеше да се слушнат татнежи на митралезите кои доаѓаа од самиоте краеви на градот.
Еден по еден им беше дозволено да заминат, но кога ја видов Битола за последен пат, во јануари ( 1917 год. н.з. ), половина од неговото население сè уште се криеше во визбите и се надеваше дека Бугарите ќе бидат протерани. Улиците беа празни. Едното кафуле што останало отворено го изнајмувале само француски војници, пеејќи во стил на галски хор; а во единствениот ресторан единствените гости покрај мене беа италијанските офицери. Ноќе никогаш нема светло во градот“.

Ова специјално издание на Нешионал Џеографик од Мај 1917 год. напишано од новинарот Херберт Кори кој патувал со Алијансата, која ја завршила Iта светска војна како победници, а за жал оние кои ја „фалшираат“ историјата,која за нивна жал не може да се избрише, како и во IIта Светска Војна, и во оваа Војна, биле на страната на губитниците.
Дополнително ова издание старо преку 100 год. точно и прецизно ја дефинираат уште тогаш нашата земја како македонија, жителите како македонци, а тогашните Бугари како окупатори и убијци на нашето, македонско население кое пропатило како ниеден народ во период на војната уште позната како Војна на Нациите или Големата Војна која траела од јули 1914 до 11 ноември 1918

Да не се заборави, со уште неколку автентични фотографии направени од новинарот Кори за време на Iта Светска Војна

Славниот Стивен Спилберг ја прави стратегијата на Бајден за победа на изборите

До претседателските избори во Америка (5 ноември) остануваат уште нешто повеќе од шест месеци, а актуелниот шеф на Белата куќа Џо Бајден доби големо засилување во својот тим.

Токму познатиот режисер Стивен Спилберг (Шиндлеровата листа, Спасување на Рајан, Минхен...), како што пренесува „Ен-би-си њуз“, ќе биде задолжен за креирање стратегија во кампањата на Бајден за освојување на втор претседателски мандат.

Минатиот декември Спилберг учествуваше на собирање средства за кампањата на Бајден во Лос Анџелес. Спилберг, долгогодишен поддржувач на Бајден, веќе активно учествувал на состаноците со организаторите на конвенцијата на Демократската партија што ќе се одржи во август, потврди изворот, кој сакал да остане анонимен.

Ова не е првпат Спилберг активно да се вклучи во политичките настани во САД. Тој е голем поддржувач на Демократската партија и во 2008 година беше продуцент на филм за кампањата на Барак Обама, тогашниот претседател. На настанот минатиот декември, на Спилберг му се придружија и други холивудски легенди како Барбра Стајсенд и режисерот Роб Рајнер...

Лидерите на кампањата на Џо Бајден се во преговори со Барак Обама тој и Бајден да се појават на митинг во средината на јуни во Лос Анџелес. Добро е познато дека Обама имаше голема поддршка од холивудските ѕвезди за време на неговите две кампањи. Покрај тоа, токму Бајден беше потпретседател на Обама, додека вториот беше на чело на Белата куќа во два мандата. На тој собир еден од домаќините треба да биде Џорџ Клуни.

Кампањата на Бајден не одговориле веднаш на барањето да ги потврдат и коментираат наводите за ангажманот на Стивен Спилберг. Се потсетува дека минатиот месец Бајден за кампањата собрал дури 90 милиони долари, што е двојно повеќе отколку во првите два месеци од 2024 година.

Стојаноска: Во „Платформа 1198“ за Брвеница предвидуваме ново училиште, доградба на градинката

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор.“

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор со кој покажаа дека се задоволни од работата и посветеноста на градоначалникот Јовица, без разлика на неговата партиска или политичка определба. Јовица, ова треба исклучително да го цениш и негуваш, иако сум свесна и имам на дело видено дека токму со личен пример самиот не правеше никаква разлика спрема жителите и населените места. Градеше и помагаше подеднакво секому и секаде. Водеше кампања откако стана градоначалник, а неговото мото на кампањата е само работа, постојан контакт со жителите и покажување слух и внимание за нивните барања. Резултатот го видовме на 24-ти април. Резултатот ќе го видиме и на 8-ми мај“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 од митингот во Брвеница.

Стојаноска додаде дека на актуелнава аздисана власт и’ се случи народ. Не е свесна, кутрата, дека ќе и’ се случи уште повеќе народ. Бројноста и излезноста се пркос на нејзината неспособност и ароганција.

„Сме немале понеспособни Влади од последните. Сме немале полоши претставници надвор од Македонија, од овие досегашните. Сме немале толку срам и понижувања видено и доживеано, колку што тоа ни се случуваше изминативе 7 години. Сите вредности ги испревртеа и срушија. Владееја само со моќ и надгласувања. Ги избркаа паметните, за да не слушаат нивни совети и критики. Завладеаја со просечност и потпросечност, со сомнителни дипломи, уште посомнителни тендери и со никаква одговорност. Институциите им служеа како приватни фирми, а министерствата ги претворија во спортски игралишта и игротеки. Аздисаа без мерка и усул. Ете затоа им се случи народ“, рече таа.

„Да ве потсетам на програмата „Платформа 1198“ и на проектите кои се однесуваат за општина Брвеница, а тоа се: ново училиште во село Брвеница и доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца, спортска сала и градинка во Челопек. Проекти кои вие сте ги побарале, а ВМРО-ДПМНЕ ги пресмета и испланира за наредните 4 години“, истакна Стојаноска.

Таа укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ пополека ќе ја врати насмевката на пензионерите, на кои во првата година ќе им ги зголеми пензиите за 5.000 денари.

„Време е Македонија да се исправи и да ја започне обновата. Македонија станува твоја, а не заробеник на мафијата. Македонија станува европска, по почитување на закони и нивно имплементирање. Македонија станува светска, затоа што има богата историја и култура. Најважно, Македонија се враќа во рацете на луѓето и суверенот. За тоа ќе се погрижат идната претседателка Силјановска Давкова и идниот премиер Христијан Мицкоски“, додаде Стојаноска,се наведува во партиското соопштение.

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург: Муслиманите бараат калифат и шеријат (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ откако исламистичкиот митинг во Хамбург наиде на осуда од политичарите ширум земјата.

Повеќе од илјада луѓе учествуваа на демонстрациите во северниот германски град во саботата, држејќи плакати со пароли како „калифатот е решението“ и повикувајќи на воведување на шеријатскиот закон. Толпата извикуваше „Алаху Акбар“ и „нема Бог освен Алах“.

Властите тврдат дека протестот бил организиран од луѓе блиски до организацијата наречена Муслиман интерактив, која ја отфрла демократијата и е класифицирана како екстремистичка од германските разузнавачки служби. Организацијата објави видео од митингот на Х со порака: „Не слушајте ги лажговците“.

Според германските медиуми, лидер на организацијата е 25-годишниот Џо Ададе Боатенг, познат и како Рахим Боатенг, кој студира на Универзитетот во Хамбург. Боатенг има профили на Инстаграм и ТикТок, каде што споделува содржини поврзани со исламот насочени кон младите муслимани во Германија.

„Сосема е јасно дека сите исламистички активности мора да се решат користејќи ги можностите на нашата уставна држава. Верувам дека мора внимателно да ги разгледаме конкретните последици од она што го видовме таму“, рече Шолц. Тој додаде дека прекршувањето на законот мора да се гони.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер вчера вети дека ќе преземе „остри мерки против исламистичката терористичка пропаганда и омраза кон Евреите“. „Ако сакате калифат, дојдовте на погрешно место“, рече таа.

Министерот за правда Марко Бушман посочи дека на оние кои не го признаваат уставниот поредок на Германија треба да им се ускрати правото да престојуваат во Германија. „Оној што го претпочита калифатот пред уставно-правната држава, може слободно да емигрира“, порача Бушман преку платформата „Икс“.

Директорот на полициската управа во Хамбург, Франк Шнабел, се бранеше од обвинувањата дека имало превид кога била дозволена саботната исламистичка поворка. „Нашиот устав, кога станува збор за правото на собирање и изразување мислења, им дозволува на екстремистите да протестираат“, рече Шнабел.

Властите во Хамбург во моментов испитуваат дали слоганот „Калифатот е решение“, со оглед на тоа што тоа е и повик за воведување на шеријатскиот закон, кој е против човековите права, може да биде кривично гонет.

притисни ентер