Американски авиони испуштија хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа

Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) соопшти дека од воздух испуштила хуманитарна помош на северот од Појасот Газа, а станува збор за пратка доволна за нешто повеќе од 30.000 оброци.

Во соопштението на ЦЕНТКОМ објавено на Х се наведува дека досега во Газа биле пренесени 1.041 тони помош.

Наведено е дека еден од пакетите паднал во плитка вода во близина на брегот и дека не се претпоставува дека биле оштетени цивили или инфраструктура, но ситуацијата ќе продолжи да се следи.

Нагласено е дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош од воздух. /МИА

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер