Американките по четврти пат станаа светски фудбалски шампиони (ВИДЕО)

На Светското фудбалско првенство , фудбалерките на САД ја победија  Холандија со 2: 0 во Лион и ја задржаа титулата што ја освоија пред четири години во Канада.

Во 60 минута од натпреварот Mеган Рапиноу даде гол од единестерец во 60 минута, а Роуз Лавел во 66 минута даде брилијантен гол од работ на казнениот простор.

Победата на Американките им ја донесе рекордната, четврта титула на Светски шампионки. Тие можеа да бидат поубедливи, но Сари ван Виендаал, холандскиот голман, беше одлична и го заслужи епитетот на најдобар играч на натпреварот. Актуелните европски шампионки имаа само еден сериозен удар кон голот на противникот.

На третото место е Шведска која победи вчера во Ница со 2: 1 ја победи Англија. Сите голови паднаа во првото полувреме. За Шведска, Аскер (11) и Софија Јакобсон (22), додека Фран Кирби (31) беше стрелец за Англија.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер