Американците се чудат на подарокот на Трамп за Меланија

Американците уште се чудат на подарокот што го доби Меланија од претседателот Доналд Трамп за Божик.

Претседателот на САД, Доналд Трумп не се истакна со Божиќниот подарок за неговата сопруга Меланија.

Така барем се чини, судејќи според одговорот што го доби разузнавачки аналитичар во Кувајт кога го прашал Трамп што и купил на сопругата за Божиќ. Кога го слушнал прашањето, Трамп се навалил во фотелјата во својата канцеларија од каде што разговарал со нив преку видео повик и одговорил: „О, тоа е тешко прашање. Па, јас треба да кажам дека и дадов навистина убава честитка. Знаете, јас работам и бев многу зафатен ... “

„И дадов прекрасна картичка, одбирав меѓу многуте , па ја одбрав најубавата“, не престана Трамп со фалбите за подарокот. „Имаме прекрасна врска, како што, се надевам, имате и вие со вашите жени“, додаде тој, напиша денеска USA Today.

„Можеме да кажеме дека сè уште работам на Божиќен подарок, дали е тоа добро?“ додаде Трамп на само неколку часа до Божик.

Многумина се потсетија на настанот од 2018 година кога Трамп изјави дека и дал„ многу убава честитка “ на Меланија за нејзиниот роденден.

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

притисни ентер