Амбасадорот Дарко Ангелов одликуван од претседателот на Унгарија

Со одлука на унгарскиот претседател Јанош Адер, македонскиот амбасадор во Унгарија Дарко Ангелов е одликуван со највисокиот унгарски орден - Орденот за заслуги со командантски крст.

Според указот на унгарскиот претседател, орденот на македонскиот амбасадор му се доделува за неговиот исклучителен придонес кон развојот на македонско-унгарските односи за време не четиригодишниот мандат.

Орденот му беше предаден од државниот министер за надворешни работи Немет Жолт на церемонија за време на прошталниот прием за крајот на амбасадорскиот мандат на Ангелов што го организираше Македонската амбасада во Будимпешта.

Дипломатскиот прием се одржа во престижниот Унгарски музеј за современа уметност, Музејот Лудвиг во Будимпешта со присуство на дипломатскиот кор во Унгарија и високи претставници на унгарските власти.

По приемот на орденот амбасадорот Ангелов истакна дека овој чин е уште една потврда за одличните односи на пријателство меѓу Македонија и Унгарија кои во изминатиот период особено се продлабочија во повеќе општествени области.

- Во меѓународната политика двете држави споделуваат исти вредности во кои почитувањето на меѓународното право треба да биде централно во меѓудржавните и мултилатерални односи, што се гледа и во силната, високо принципиелна поддршка на Унгарија за безусловна и неодложна евро-атланска интеграција на Македонија, истакна амбасадорот Ангелов во обраќањето пред дипломатските и владини претставници во Унгарија.

За време на приемот се одржа и дегустација на вината од винаријата Стоби. Во организација на Македонската амбасада, во наредните денови ќе се одржи дополнителна презентација на вината на Стоби за најголемите унгарски вински дистрибутери. /Извор: МИА/

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер