Амбасадорката на Украина Лариса Дир го посети Бигорски и манастирот во Рајчица

Амбасадорката на Украина во нашата земја Лариса Дир беше во посета на Бигорскиот манастир и на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица.

- Нашата Света Обител ја имаше честа да ја пречека амбасадорката на Украина Лариса Дир заедно со нејзината придружба. Ценетата гостинка го посети и Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, каде што имаше можност да се сретне со нашиот Старец, Епископ Антаниски г. Партениј, информираа од Бигорски манастир.

Додаваат дека во срдечна атмосфера на претпразнично очекување на Рождеството Христово, владиката и амбасадорката ги споделиле „своите обострани желби и молитви за мир во Украина, за покој на душите на многуте загинати и за утеха во семејствата на сите оние што страдаат од последиците на војната“.

-Амбасадорката изрази благодарност за можноста да го посети Манастирот, а на сестрите од овој манастир им посака светлина, просперитет и заштита, нагласуваат од Бигорскиот манастир.

ФБИ објави детали: Напаѓачот во Њу Орлеанс прво сакал да си го убие семејството и пријателите

Американскиот воен ветеран кој со својот пикап влетал во луѓето на новогодишната забава во Њу Орлеанс, се заколнал на верност на Исламската држава и дејствувал сам во нападот во кој загинаа најмалку 14 лица, соопшти ФБИ.

Осомничениот, кој бил убиен на местото на настанот откако отворил оган врз полицијата, е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишен Тексашанец кој служел во Авганистан, објави Си-Ен-Ен.

Тој возел од Хјустон до Њу Орлеанс на 31 декември и објавил пет видеа помеѓу 01:29 и 03:02 ноќта на нападот во кои рекол дека ја поддржува Исламската држава (ИД), додаде ФБИ.

Во првото видео, Џабар објаснува дека прво планирал да им наштети на семејството и пријателите, но бил загрижен дека медиумското покривање нема да се фокусира на „војна меѓу верниците и неверниците“, рече заменик-помошникот директор на ФБИ, Кристофер Раја на прес-конференција.

Џабар на снимките изјави и дека се приклучил на ИД пред минатото лето. „Тоа беше терористички акт. Тоа беше однапред смислен и злобен чин“, нагласи Раја.

ФБИ соопшти дека се чини дека нема врска помеѓу нападот во Њу Орлеанс и епизодата во Лас Вегас истиот ден, кога сајбер камион Тесла, натоварен со канистри со бензин и моќна пиротехничка опрема, експлодира и се запали пред меѓународниот хотел Трамп во Лас Вегас.

Тоа се случи три недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа на 20 јануари.

Меѓу повредените во нападот во Њу Орлеанс имало и двајца полицајци кои биле застрелани од осомничениот.

Нападот се случил три часа по почетокот на новата година на улицата Бурбон во историскиот француски кварт.

Најмалку 15 лица загинаа, вклучувајќи го и осомничениот, соопшти ФБИ. Тој додаде дека знамето на Исламската држава било пронајдено на возилото користено во нападот.

Властите во другите американски градови објавија дека ја зголемиле безбедноста, вклучително и Трамп Тауер и Тајмс Сквер во Њујорк, додавајќи дека нема непосредни закани.

Во Вашингтон, полицијата, исто така, соопшти дека го зголемила своето присуство додека главниот град се подготвува да биде домаќин на три големи настани овој месец.

На 6 јануари Конгресот ја потврдува победата на Трамп на претседателските избори, на 9 јануари се одржува државното збогување од поранешниот претседател Џими Картер, а на 20 јануари инаугурацијата на Трамп.

Силен ветер издува балон со дете во него, а потоа се случи нешто полошо (ВИДЕО)

Драматичен настан се одвивал во Бразил, поточно на плажа на околу 200 километри од Сао Паоло.

Силните ветрови го однесоа таканаречениот балон за одење во вода, во кој имало 11-годишно момче.

Неговите родители го забележале исчезнувањето и го вклучиле алармот, а работите да бидат уште полоши, балонот одлетал на остри карпи, се продупнал и почнал да се празни.

Неименуваното момче било исплашено, очајно и само, а потоа се случило чудо. Сосема случајно во негова близина се нашол Рафаел Граса до Прадо (32), кој се возел на глисер, пренесува Метро.

„Забележав голем балон, веќе беше пробиен и се наполни со вода. Момчето го шутирало, но не можело да се ослободи. Го прашав дали има воздух и тој го крена палецот нагоре“, рече тој.

Сепак, Рафаел не знаел колку долго ќе издржи малиот внатре, па брзо реагирал.

„Нема многу кислород внатре. Го смирив и ќерка ми снимаше сѐ. Не го отворивме балонот, го закачивме за чамецот и го влечевме до брегот“, објасни тој.

@dailymail A sailor rescued an 8-year-old boy who had floated adrift on the high seas inside an inflatable plastic ball. Rafael Graça do Prado said the bubble appeared to be punctured when he came across it, so he attached it to his boat by rope and dragged it as quickly as possible to shore. #news #bubbleboy #brazil ♬ Mysterious and sad BGM(1120058) - S and N

Таму ги нашле очајните и расплакани родители. Кога го виделе синот, побрзале да го извадат од балонот. Спасувачите подоцна издадоа предупредување дека малечките во вакви „реквизити“ никогаш не треба да бидат надвор од нивниот вид.

Италија бара итно ослободување на новинарката Сесилија Сала од притворот во Иран

Италија денеска побара итно ослободување на италијанската новинарка Сесилија Сала, која е притворена во Иран од 19 декември.

Италија денеска побара итно ослободување на италијанската новинарка Сесилија Сала, која е притворена во Иран од 19 декември, беше соопштено по средбата на генералниот секретар на италијанското Министерство за надворешни работи, Рикардо Гвариљa, со иранскиот амбасадор во Рим.

Во соопштението се наведува дека Гвариљa го повторил барањето да се обезбедат соодветни услови за притвор на Сала, со почитување на човековите права, како и да се гарантира нејзината целосна конзуларна помош, со дозвола да биде посетена од персоналот на италијанската амбасада во Техеран.

Гвариљa побарал и да i се дозволи на Салa да прима пакети, што досега не беше можно.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани денеска изјави дека италијанската влада неуморно работи на ослободување на новинарката од првиот ден од нејзиното апсење и дека очекува да бидат почитувани сите нејзини права.

Сала, 29-годишна дописничка на Ил Фољо, беше уапсена на 19 декември во Иран, каде отиде со новинарска виза и беше обвинета за наводно кршење на исламскиот закон.

Тaa моментално се наоѓа во затворот Евин во Техеран.

притисни ентер