Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

Младеновска: Комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач

И покрај опомената на Државниот санитарен и здравствен инспекторат здравствените работници кои останаа без потпишани договори за работа доаѓале на работа и се пријавувале во системот за работа, изјави директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Од ДСЗИ рекоа дека ќе донесат решение за забранет пристап на клиниката на поранешните вработени. Доколку не се почитува и ова решение клиниката и двајцата директори ќе бидат казнети. Иако претходните мерки од страна на ДСЗИ не биле потпишани само од економската директорка Иљази.

„Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

И од ДСЗИ потврдија дека комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач, бидејќи таа не разбира Македонски јазик.

„Со организациската директорка, како што изјави, разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик“

Денеска се одржал управен одбор на клиниката каде било речено поранешните вработени до 9 Мај да не доаѓаат во клиниката. Извори од клиниката канал 5 ќе има проемни на клиниката и дека поранешните вработени ќе бидат вработени, а најверојатно досегашниот директор Данил Петровски ќе биде разрешен како што најави и министерот Демири.

„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

притисни ентер