Александар Николоски во „Само интервју“

Вечерва во „Само интервју“ гостин беше Александар Николоски

- Случајот со масовното прислушување е резултат на крими-мафија која како таква функционира, обвини вечерва во „Само интервју“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

- Уште пред да биде потпишан договорот од Преспа, Рајнхард Прибе и’ кажа на СДСМ дека договорот сам за себе нема да биде доволен за добивање на датум за преговори ако не бидат спроведени сериозни и целосни реформи, тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски повикувајќи се на разговор на функционери на владејачката партија на која бил присутен и тој

- Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски не верува дека Европската Унија целосно ќе ја отфрли Македонија и нејзиниот влез во европското семејство бидејќи според него, Рим, Берлин, Париз се пријатели на земјава и сакаат да ја видат како модерна, економски јака како држава.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само интервју“ овде.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

притисни ентер