Албанија да ја зајакне заштитата на правата на националните малцинства, вклучувајќи го и македонското, смета Советот на Европа

Албанија признава девет национални малцинства ароманско, бошњачко, бугарско, египќанско, грчко, црногорско, македонско, ромско и српско. 

Во четвртото мислење за Албанија, Советодавниот комитет на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (РКНМ) ја повикува Тирана да обезбеди Законот за заштита на националните малцинства да може ефикасно да се спроведе со донесување дополнителна легислатива, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во извештајот на Комитетот е опфатена и положбата на македонското национално малцинство во Албанија, за кое, како што стои во извештајот е обезбедена настава на мајчиниот јазик само во шест училиштата во областа на Корча. Од друга страна, инцијативата за создавање на паралелки за настава на Македонски јазик во Требишта, беше попречени од страна на регионалните дирекции за образование, наведуваат експертите на Советот на Европа.

На македонски јазик во Албанија се емитуваат програми на радиото и телевизијата, но претставниците на малцинствата сметаат дека тие се ретки и не се доволни.

Советодавниот комитет жали што не се обрнало внимание на влијанието на административното преструктуирање на општините од 373 на 61, за процентот на населението во областите каде што лицата што припаѓаат на националните малцинства претставуваат важен, често мнозински дел од населението, иако малцински. Само во три општини, меѓу кои и општината Пустец во областа Корча каде мнозинското население е македонско, се со мнозинско население составено од националното малцинство, во случајов македонското.

Комитетот забележува дека само во три општини во Албанија, од кои едната е Пустец со македонско население се надминува бројката од 20 проценти на населението за да може да се користи мајчиниот јазик во јавните органи. Но, надвор од оваа општина македонското малцинство не може да ги користи погодностите на законот од 2017 година.

Со одлука на министерскиот совет на Албанија од мај 2011 се укина и обврската на изводите од матичните книги на родените да се назначува етничката припадност на лицата, која била дискриминаторска.

При разгледувањето на постигнатиот напредок и препораките донесени врз основа на посетата минатата година, Комитетот ја нагласува потребата строго да се почитува принципот на слободнo определување и фактот дека властите мора да престанат да се потпираат исклучиво на архивските податоци и регистарот за граѓански статус за да ги потврдат изјавите на лицата што припаѓаат на националните малцинства, ова пред пописот закажан за 2021 година.

Ромите и Египќаните и натаму се жртви на нееднаквост и дискриминација, особено на локално ниво. Треба да се направат дополнителни напори за подобрување на нивните услови за живеење и пристап до вработувањето, образованието и здравствената заштита и да се промовира нивната интеграција во општеството. Дополнително, треба да се доделат соодветни средства за имплементација на Националниот акционен план за интеграција на Ромите и Египќаните за периодот 2016-2020 година.

Мислењето, исто така, ја нагласува потребата да се обезбеди бројно помалите национални малцинства да имаат пристап до образование на јазиците на малцинствата и да се обезбеди достапност на доволен број учебници.

Други препораки вклучуваат распределба на средства за инфраструктурни проекти што се однесуваат на националните малцинства; заштитата на жените и децата што припаѓаат на ранливите заедници против експлоатација и злоупотреба и нивниот пристап до правна помош и правда; развој на јавна радиодифузија на јазиците на малцинствата; делегацијата во Советите на Заедницата да има овластување да одлучува за употребата на јазиците на малцинствата во односите со административните власти и за топографски индикации; усвојување на правила и процедури за основање и функционирање на Комитетот за национални малцинства и ревизија на Законот за национални малцинства со цел воспоставување на консултативни механизми на локално ниво. /МИА

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер