Според хрватските медиуми, српските цариници во саботата спречиле шверц на околу 300 дијаманти, за кои се верува дека се од голема вредност, но точно ќе биде утврдена по вештачењето.
Дијамантите биле пронајдени во Ауди со чешки регистарски таблички, управувано од 50-годишен Албанец со косовски документи.
Иако 50-годишниот возач постојано инсистирал на тоа дека нема што да пријави кај цариниците и полицајците, тие сепак го извадиле од колоната што доаѓала од Хрватска за темелно испитување на автомобилот. Потоа, во преградата пред патничкото седиште биле пронајдени неколку вреќички со скапоцени камења.
На прашањето зошто не ги пријавил дијамантите, возачот прво рекол дека не знае дека мора да ги пријави, а потоа изјавил дека станува збор за обични циркони, имено кристали Сваровски, кои немаат голема вредност. Како и да е, српските цариници и полицајци не му поверувале на приказната, туку повикале експерт кој открил дека Албанецот лаже и дека тоа се вистински дијаманти. Сепак, нивната вистинска вредност ќе биде позната само по испитувањето на секој поединечен примерок.
Откриените дијаманти ќе бидат задржани сè додека не бидат финализирани прекршочните постапки против албанскиот шверцер.