Ал Пачино по 50 години ја сними својата прва серија, игра ловец на нацисти (ВИДЕО)

Ал Пачино ја сними својата прва серија во кариерата по повеќе од 50 години, а според првичните оценки, станува збор одлично достигнување.

Легендарниот актер во кариерата има снимено само една мини-серија (со Мерил Стрип), една за кумот, три ТВ филмови и една епизода на N.Y.P.D. уште во 1968 година, што беше негова прва улога. Но, во последниве години, сè повеќе sвезди снимаат серии, а сега им се придружи и 79-годишниот Пачино.

Серијалот „Ловци“ следи група на измислени нацисти во Њујорк во 1977 година, а ќе биде достапен од утре на Amazon Prime Video. Патем, оскаровецот Џордан Пил е еден од извршните продуценти на серијата.

Пачино е главниот ловец во серијата, Мејер Оферман, кој го преживеал Аушвиц . Тој се збогатил по војната и сега ги вложува своите ресурси за да им се одмазди на оние кои ја избегнале правдата.

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

притисни ентер