Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19.

Тоа е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека станува збор за познати кластери, посочувајќи дека 90 отсто од новозаразените се од 15 фамилии.

Во моментов се активни 1.009 случаи на заболени од коронавирус, а како што посочи министерот, повеќето се асимптоматски.

Досега се извршени 34.386 тестирање и беа потврдени 2.790 позитивни случаи, досега се излекувани 1.632 лица, а починаа 149 пациенти.

– Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници. Но зголемениот број на заболени е очекуван поради начинот на тестирање што го применивме измиинатите денови, истакна Филипче.

Нагласи дека очекувањата се оти овој бран многу кратко ќе трае, но сепак, како што рече, се максимално внимателни и претпазливи.

Филипче посочи дека има огромен број на асимптоматични случаи и со лесни симптоми но тоа, според него, не значи дека вирусот не е опасен бидејќи има и случаи на пациенти со тешки клинички слики.

– Вирусот е тука, се шири, а непочитувањето на мерките, ќе значи продолжување на кризата, порача Филипче.

Тој како пример посочи дека кај членови на едно семејство од десетина тестирани само еден има позитивен тест со сосем лесни симптоми, додека останатите девет се асимптоматски носители.

– Што ни покажаа првичните резултати кога повторно почнаа да доаѓаат случаи во рамките на семејствата околу оние семејни настани околу 24/25 мај и неколку денови претходно, дека има еден одреден процент асипмотиматски носители. И заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контакти на претходно дијагностицираните, околу 15 семејства се тоа во Скопје огромен дел од новодијагностицираните се тука. Но, 90 посто се асимптоматски, другите имаат сосем лесна симпотамтологија, вели Филипче.

Тој соопшти дека прво морале да го проценат капацитетот на болеста да прерасне во тешка, што, како што вели, не се случува изминативе две недели.

– Значи има податок дека вируленцијата опаѓа, но во исто време знаеме дека не е здравствениот систем во ризик. Затоа се зголемија тестирањата, затоа се тестираа и примарните контакти во семејствата кои немаат апсолутно никакви симптоми. И сега имаме јасна слика, додаде Филипче.

Тој, околу тоа дали е коректна мерката да се воведе тридневен полициски час во Скопје, со оглед на тоа што повеќето граѓани го напуштиле градот и заминале во регони каде е воведен полициски час од 16:00 часот, нагласи дека каде и да се наоѓаат граѓаните мерките мора да се почитуваат за носење на заштитна опрема, држење растојание и негрупирање.

– Првичните резултати, откако повторно почнаа да доаѓаат случаи, во рамките на семејствата, околу оние семејни настани околу 24-25 мај и неколку денови претходно, дека има еден одреден процент на асимтоматски носители и заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контатки на претходно дијагностицираните. Во рамките на движењето во Скопје, многу од овие луѓе дадоа податок дека се движеле низ целиот град, моравме да ја направиме оваа рестрикција за едноставно да се заштити целиот град Скопје, мислам дека на другите места каде што има спорадични случаи нема потреба од целосна рестрикција. Впрочем од понеделник, најверојатно, нема да има никаква рестрикција ќе биде така како што беше до четвртокот насекаде, но ќе имаме целосен увид. Сите позитивни ќе бидат веќе ставени во изолација, нагласи Филипче.

Тој рече дека сите сме сведоци дека во последните часови се пренатрупаа пред се туристичките места.

– Сметам дека, нешто поголем дел на граѓани заминаа, меѓутоа тоа е уште еден доказ дека колкав и број на граѓани да заминат, мора да се почитуваат мерките. Ние ќе треба да научиме да живееме со ова и понатаму. Секој следен викенд ќе биде со убаво време и е можност луѓето да заминат на одредени места, ние во мерките за олабавување во следните чекори планираме и отворање на хотелите, рече министерот.

Тој посочи дека е направена многу темелна анализа на кластерите во четирите региони кои се во карантин.

– Со оглед на тоа дека веќе ги знаеме, тие луѓе се веќе во самоизолација, но имало еден период кога не биле свесни и циркулирале низ целиот град. Во таа смисла и во смисла на заштита, а заради уште подетелна анализа на „следното колено" на контакти на тие луѓе коишто се анализираа следните денови беше оваа рестрикција во движењето. Значи дополнителна заштита во регионите од каде што овие претходно дијагностицирани со цел да не се направи некакво натамошно проширување на вирусот заради често движење, потенцираше Филипче.

Тој истакна дека нема простор да се споредуваме со Италија поради тоа што точно се познати мини кластерите и тие се во изолација.

– Во однос на границите и 14 дневниот карантин кој Бугарија го воведе за македонски државјани ние не сме изолирани, туку земјите постапуваат врз основа на бројките, но не ги знаат сите други параметри, посочи министерот./МИА

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер