Актерката проговори после разделбата: И понатаму многу го сакам

Холивудската актерка Џенифер Лоренс отворено проговори за разделбата со режисерот Дарен Ароновски, со кој беше две години во врска.

Љубовната врска меѓу холивудската актерка Џенифер Лоренс и режисерот Дарен Аронофски започна во октомври месец 2016 година, на снимањето на филмот „Mother” во кој таа ја толкуваше главната улога.

Откако поедини таблоиди напишале дека се свршиле, во ноември 2017 стигна веста дека славниот пар ја прекинал својата врска, никој од нив не бил расположен да зборува за деталите на разделбата.

Џен, која соработуваше со Дарен, зборуваше за „WTF with Marc Maron”.

Foto: Getty

„Влета, ме одбра (за улогата во „Мајка“) и потоа ме остави. Сето тоа траеше околу час, час и половина, а јас тогаш помислив: баш е секси".

Оскаровката изјави дека со месеци се обидувала да го освои Дарен, пред да ја започнат врската.

„Тој ја играше улогата на “тешко освојлив“ скоро девет месец, можеби и подолго, што ме убиваше“ – искрено одговори Лоренс.

Foto: Getty

Актерката откри дека тие биле заедно скоро две години, иако многумина мислеле дека нивната романса траела пократко.

„Мислам доколку броиме се, заедно бевме две години. Се уште многу го сакам“ – додава таа.

Џенифер пред тоа беше поврзана со колегите Мајкл Фасбендер и Хиколас Хоулт, додека Дарен беше свршен со Рејчел Вајс, но во 2010 година раскинаа, после девет години врска.

Морбидно: Со години го чувал мртвиот татко во замрзнувач, имал лудо објаснување (ВИДЕО)

Шокантниот случај ја потресе мирната заедница во Темпи (Аризона) и го привлече вниманието на локалните медиуми.

Сѐ започнало со пријава во полиција за тело скриено во замрзнувач, што бил оставен во двор на семејна куќа и покриен со церада.

На 22 октомври, службениците за спроведување на законот тропнале на вратата на Џозеф Хил Јуниор (51) и побарале да го видат неговиот татко Џозеф Постариот.

Бидејќи не го нашле во куќата, се вратиле во станицата и ја продолжиле истрагата, пренесува Daily Mail.

Така дознале дека синот со години земал пари од социјалното осигурување на татко му, па со налог за претрес се вратиле во Темпи.

Полицајците велат дека на Џозеф му се „променило“ однесување, а тој рекол дека во случај на претрес ќе пронајдат „нешто“ во замрзнувачот.

Замрзнувачот го нашле во дворот, без струја, а внатре пронашле човечки останки.

Тогаш синот признал дека татко му починал пред четири години. Ништо не пријавил за да не ја изгуби куќата.

Тој планирал да го закопа Џозеф Сениор на парцела што ја купил во Стробери, на околу стотина километри од Темпи. На крајот се откажал и го оставил телото во замрзнувачот.

Подоцна се обидел да го закопа во пустината, но секогаш налетувал на луѓе и се откажувал, вели тој.

Синот е приведен и ќе се појави на суд на 4 ноември.

Убил татко на осум деца зашто му го погалил кучето- сега е осуден (ВИДЕО)

Со години откако татко на осум деца од Тексас беше убиен пред очите на неговата сопруга бидејќи го галеше кучето на соседот во Сан Антонио, неговиот убиец конечно ја дозна својата судбина.

Пет дена по Божиќ 2021 година, 28-годишниот Валентин Гонзалес IV и неговата сопруга Бритни Кларк-Гонзалес, го виделе кучето надвор од станбениот комплекс и решиле да го погалат.

Неколку моменти подоцна, Џордан Итон, кој сега има 21 година, се појавил бесен, вооружен со пиштол, извикувајќи вулгарности кон парот пред да се обиде да пука во Кларк-Гонзалес, а потоа фатално да го рани нејзиниот сопруг додека се обидувал да ја заштити.

Вознемирената Кларк-Гонзалес со солзи по пукањето рекла дека Итон извикал: „Не можете да го допирате моето куче! Не се плеткам со вас, никого од вас“, објави KSAT, пренесува Law&Crime.

Иако Итон побегнал од местото на настанот и подоцна тврдел дека тоа било самоодбрана, видеото од телефонот на сведок покажало како тој пука во Кларк-Гонзалес, додека Валентин Гонзалес ја бранел.

На судењето, Итон наводно тврдел дека имал „претходни проблеми“ со жртвите и дека „се обидувал да не ги забележи“, но неговото галење на кучето го исфрлило од такт.

„Само сакав да останам сам“, наводно рекол тој. „Не сакав да пукам во никого.“

Сепак, Итон го застрелал Валентин Гонзалес, а поротата во округот Бексар го прогласи за виновен за убиство. Тој исто така е осуден за тежок напад за пукање во Кларк-Гонзалес.

Членовите на семејството на Итон се изјасниле за намалување на казната за осудениот убиец да има втора шанса и да бидат дел од животот на нивниот син.

На крајот, Итон е осуден на 20 години затвор за убиството на Гонзалес и 10 години за нападот на Кларк-Гонзалес, но 10-годишната затворска казна наводно е „суспендирана“ и ќе биде отслужена условно.

Во некрологот на Гонзалес, тој бил опишан како грижлив и дарежлив човек кој го сакал своето семејство.

„Тој постигна многу неверојатни работи, како што се запишувањето на колеџ на 15-годишна возраст и обезбедувањето за своето сакано семејство. Неговата великодушност не знаеше за граници, тој беше некој што ќе му помогне на секој што има потреба“, се вели во некрологот.

„Тој ги инспирираше луѓето околу него да станат подобри.“

Сѐ повеќе Израелци сакаат германско државјанство, бројот е зголемен по ланскиот масакр

По нападот на терористичката организација Хамас врз Израел во октомври минатата година, зголемен е бројот на барања за добивање германско државјанство во германските конзуларни претставништва во Израел, соопшти денеска германската влада.

„Во првите девет месеци примени се 18.448 барања за регистрација во регистарот на германски државјани“, објави германската влада како одговор на прашање на пратеничката група Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот. Минатата година евидентирани се 9.178 барања, а во 2022 година 5.705.

Законот од 2021 година обезбедува полесен пристап до германско државјанство за жртвите на националсоцијалистичкиот прогон и нивните потомци.

Германската влада претпоставува дека бројот на барања за германско државјанство поднесени од Израелци е всушност многу поголем, имајќи предвид дека статистиката се однесува само на конзуларните претставништва во Израел, додека барања се поднесуваат и во германските претставништва низ светот.

По бруталниот напад на терористичката организација Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, довербата на многу Евреи во Израел како последно засолниште беше разнишана.

Во исто време, се зголеми и бројот на антисемитски напади во Германија. Во последната година двојно е зголемен бројот на кривични дела со антисемитско потекло на 3.200 пријавени дела.

притисни ентер