Една, единствена Џулија Робертс.
Таа има 48 години, а и понатаму може да се пријави за кастинг за улогата во филмот “Pretty woman”, со која се прослави.
Приватниот живот на Џулија Робертс беше во фокусот на интересирањето уште од почетокот на нејзината кариера.
Беше во врска со Лиам Нисон, Кифер Сатерленд, Џејсон Патрик, Метју Пери, Бенџамин Брет и многу други.
Со Сатерленд беше и свршена, но ја раскина веридбата три дена пред венчавката и отпатува во Ирска со неговиот пријател Џејсон Патрик.
Во 1993 година, се венча со Лајл Лавет, а во 1995 година се разведоа.
Денеска е во брак со камерманот Даниел Модер.
Се запознаа на снимањето на филмот „Мексиканец“ а се венчаа на 4 јуни 2002 година. Имаат три деца.
Робертс со години работи за УНИЦЕФ. Во текот на шесте дена поминати во Порто Принс во 1995 година, собра 10 милиони долари за подобрувањето на квалитетот на живот на децата ширум светот.
Шест години подоцна беше наратор на документарниот филм „Немите ангели“ за Ретовиот синдром. Работеше на зголемувањето на свеста кај луѓето за проблемите со кои се соочуваат заболените од оваа болест.
Џулија Робертс по вероисповед е хиндуист.