Актерка се онесвести на свечената вечера во Кан – фустанот и бил претесен (ФОТО)

Познатата американска актерка и манекенка Ел Фенинг , потсети дека статусот на ѕвезда понекогаш може да има и темна страна.

Ел на Филмскиот фестивал во Кан падна во несвест поради тоа што фустанот и бил претесен. Пред два дена 21- годишната актерка беше на свечена вечера на која носеше фустан од Прада , која и ги откриваше рамениците и беше прекриена со цвеќиња.

Но проблем направи неверојатно тесниот корсет , инспириран од 50 – тите години на минатиот век , поради што Фенинг очигледно остана без здив.

,,Уупс , вечерва се онесвестив во својот фустан од Прада , но сега сум добро. Фустанот е претесен , плус оние денови во месецот...” , напиша актерката во објавата на Инстаграм.

Нејзините фанови веднаш и дадоа поддршка. Во коментарите велат дека на сите тоа им се случува и дека била најдобро облечена на вечерата.

Таблоидите пишуваат дека актерката се онесвестила и паднала од столот на под. За среќа , во близина била нејзината сестра, Дакота Фенинг , која и помогнала , а на помош скокнал и актерот Колин Фирт.

Инаку , Ел Фенинг е најмладиот член на жири комисијата на Фестивалот во Кан , не само годинава , туку и во историјата на фестивалот.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

притисни ентер