Аксел Лунд Свиндал со Порше 911 „се скија“ низ пустината во Мароко (ВИДЕО)

Како што се загрева сезоната на скијање, двократниот олимписки шампион Аксел Лунд Свиндал ужива во својата спортска пензија.

Откако двапати го освои големиот кристален глобус, земајќи го олимпиското злато во супервелеслалом (2010 година во Вистлер) и спуст (2018 година во Пјонгчанг) и дури пет пати беше светски шампион (од кои во четири последователни првенства, што досега не успеал ниту еднаш друг алпски скијач), веќе трета година го промовира скијањето, но не како спорт, туку како чисто задоволство.

Инаку, Норвежанецот ужива и во автомобилите Порше. Сега, среде пустина во Мароко, дојде со уникатниот модел 911 Дакар, кој е еден од најхрабрите деривати на овој легендарен модел. Да не заборавиме: Порше беше генерален победник на релито Париз-Дакар во 1984 година. Шестото издание на оваа позната трка го освои француската екипа Рене Метге и Доминик Лемојн, докажувајќи дека и суперспортските автомобили имаат шанса и во најнегостопримливи услови. Со ова ја започнаа популарноста на погонот на сите тркала во моделот 911.

Модерниот 911 Дакар е создаден како „омаж“ на ова достигнување. Направен во само 2.500 примероци, освен по специфичниот изглед, се истакнува и со зголеменото растојание од земјата за пет сантиметри. Суспензијата може да се подигне дополнителни три сантиметри, а потоа растојанието од подлогата и можноста за приближување до падините се слични на оние на конвенционалните SUV автомобили. Кога суспензијата е во највисоката положба, може да се достигне брзина од 170 km/h, додека над таа брзина суспензијата автоматски се враќа во почетната положба. Пневматиците Pirelli Scorpion All Terrain Plus со особено цврста конструкција и длабок профил ги задоволуваат барањата за возење надвор од патот.

Немало експериментирање со погонската единица: трилитарски боксер со два турбо полначи и 480 КС, со максимален вртежен момент од дури 570 Nm, што исто така обезбедува соодветни перформанси. Спринт до 100 km/h за 3,4 секунди, додека поради off-road пневматиците брзината е ограничена на 240 km/h.

Стандардниот менувач е осумстепен PDK менувач со, се разбира, погон на сите тркала. Сепак, способноста за терен е нагласена и со уникатните режими на работа: рели и теренски. Со првиот фокусот е на перформансите на макадам и слични терени, додека Offroad режимот успева да ја подигне суспензијата и да постигне максимални перформанси на тешки терени и песок.

Сепак, норвешката скијачка ѕвезда на дини не само што го возеше 911 Дакар туку се обиде и да скија на песок. Се разбира, обидот беше многу успешен.

Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

- Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, Црква не смеат да бидат предмет на тргување

Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата.

Митрополитот на Повардарската епархија Агатангел во своето Велигденско послание порача до верниците дека е потребна одговорност кон себе, кон општеството, да се потпраме на вредностите на православието оти важно е какво општество и каква држава ќе изградиме.

-Мораме да бидеме одговорни како за себе, така и за општеството и околината што нè опкружува. Не смееме да потонеме во самодоволност и сув индивидуализам. Човекот не е створен да биде сам и осамен во светот. Не смееме да бидеме небрежни за својот ближен, за страдањето на братот, за животната средина во која ги раснеме нашите деца...Важно е за човекот да живее во мир и благосостојба, важно е какво општество и каква држава ќе изградиме. Тоа не се прашања што не треба да нè засегаат. Добро е да знаеме кои сме, што сме и од каде сме. Од Христа сме откупени, скапо сме платени преку Неговата сечесна крв. Он, преку Своето славно Воскресение, преку Својата неизмерна љубов, ни го подари највисокото достоинство. Не смееме на Неговата татковска грижа да одговориме со незаинтересираност и самодоволно повлекување. На Бога со камен не треба да фрламе, раката што дава не треба да ја сечиме - така нè учеле и воспитувале нашите предци, вели владиката Агатангел во посланието објавено на веб страницата на Повардарската епархија.

Според него, иако човекот денес живее во изобилство, понесреќен е и попотиштен од кога и да е во неговата долга историја

-Македонскиот народ илјадници години непрестајно на Бога благодарност и пофални песни Му вознесувал. Знаел нашиот мудар народ дека секоја тиранија е привремена, дека секое зло е краткотрајно. Денес, пак, злото, покрај тоа што си го зачувало својот вообичаен облик, има и некакво друго, поинакво лице. За жал, во тешка состојба сме доведени. Денес, иако човекот живее во изобилство, сепак е понесреќен и попотиштен од кога и да е во неговата долга историја. Денешниот човек е збунет и дезориентиран. Тој како да не ја препознава вредноста, како да не знае што е нормално, а што застрането, потенцира митрополитот Повардарски Агатангел.

Сега, како генерација, додава тој, мораме да застанеме на патот на оваа демонска наезда, оти ако тоа час поскоро не го сториме, духовно ќе се разориме себе си одвнатре и дури тогаш ќе станеме морално плитки и исушени.

-Затоа, македонскиот народ нема друг избор освен да се ослони на Бога, да се потпре на Неговиот спасоносен столб, кој го држи и покрепува секое човечко здание. Само така и на тој начин ќе опстоиме. Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат претворени во роба за трговија. Тоа е срамно и неправедно, а уште помалку морално. Ова важи како за македонскиот народ и држава, така и за Црквата, порача митрополитот Повардарски Агатангел.

Потенцира дека мнозина подло ќе се обидат да ни го омаловажат и искривоколчат секој наш успех и достигнување. Но, вели, имајте секогаш предвид дека со Христос победуваме, он ги штити и запазува праведните, оти Самиот Тој е правда и вистина. Христос е живата радост која го исполнува секое осамено и повредено срце.

-Од изворот на Воскресението Христово постојано и непрестајно да се напиваме. И ние еден ден ќе Воскреснеме во новиот живот исполнет со вечното. Нека ја штити и закрилува Господ нашата татковина Македонија и нашата Света Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Македонскиот православен народ нека создава дела за вечно паметење. Блажен е овој народ што го срамат и прогонат, и што говорат против него секакви лоши зборови и лаги - заради Христа! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, порача Митрполитот Повардарски Агатангел.

Утрово на прв ден Воскресение Христово – Велигден, се служеше Златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, а со литургијата во храмот „Св. Кирил и Методиј“ чиноначалствува митрополитот Повардарски Агатангел.

Најрадосната вест за Христовото Воскресние синоќа на полноќ беше објавена низ сите православни храмови на Повардарската Епархија. Во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес со литургијата чиноначелствуваше митрополитот Повардарски Агатангел, а литургии посветени на воскресението на Хириста се одржаа и во трите градски цркви - „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“ (Св. Спас) и „Св. Јован Крстител“.

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата ќе ја продолжи војната во Појасот Газа додека не се постигнат сите цели и ја обвини палестинската милитантна група Хамас за застојот во преговорите за привремен прекин на огнот.

- Капитулирањето пред барањата на Хамас би било ужасен пораз за државата Израел, рече Нетанјаху во видео порака објавена денеска. „Тоа би била голема победа за Хамас, Иран и целата оска на злото. Тоа би покажало страшна слабост за нашите пријатели и за нашите непријатели“, ја пренесува ДПА изјавата на Нетанјаху.

- Ако Израел покаже слабост на овој начин, тоа само ќе ја доближи следната војна и ќе го отфрли следниот мировен договор, „бидејќи сојузи не се прават со слабите и поразените. Сојузи се прават со силните и победниците, предупреди тој.

Во моментов во Каиро се водат разговори со посредство во кои учествуваат претставници на Хамас, со надеж дека ќе се обезбеди ослободување на преостанатите заложници во Газа во замена за палестинските затвореници кои се држат во израелските затвори. Се разговара и за можен прекин на огнот.

Нетанјаху рече дека Израел покажа флексибилност за време на преговорите во Каиро, додека Хамас се држи до своите „екстремни позиции, пред сè повлекувањето на нашите сили од Појасот, ставање крај на војната и Хамас да се остави недопрен“.

притисни ентер