Ако пулсот ги надминува овие бројки, ви се заканува инфаркт или мозочен удар!

11 симптоми за неправилна работа на срцето што може да се појават пред дијагнозата на која била болест!

Милиони луѓе имаат неправилен срцев ритам без воопшто да бидат свесни за тоа. Доколку болеста не се дијагностицира навреме и не се лекува со соодветна терапија, може да се појават сериозни компликации како што се срцев или мозочен удар со фатален исход.

Што е аритмија?

Како што објаснуваат кардиолозите, аритмијата е отстапување од нормалниот срцев ритам, односно создавање и спроведување на електричните импулси. Постојат три типа на оваа состојба: брадикардија - кога срцето работи премногу бавно (под 60 отчукувања во минута), тахикардија - кога работи премногу брзо (повеќе од 100 отчукувања во минута) и неправилно чукање на срцето.

Познатиот британски кардиолог, проф. Д-р Нилеш Самани, истакнува дека бројот на заболени, особено оние со многу опасна тахикардија, всушност е многу поголем.

- Она што особено загрижува е огромниот број луѓе кои не знаат дека се болни, немаат дијагноза, па затоа не се ни лекуваат не сфаќајќи колку состојбата може да биде опасна. Посебно загрижува големиот број пациенти со тахикардија кои не се свесни дека живеат со зголемен ризик од мозочен удар. Контролата и пронаоѓањето на ваквите пациенти треба да биде приоритет на примарната здравствена заштита - нагласува тој.

Основачот на Британската асоцијација за аритмија, д-р Труди Лобан, ја нагласува потребата од поблиска соработка помеѓу пациентите, лекарите и политичарите кои носат одлуки во врска со здравството.

Предизвикувачи и ризици

Проблемите со срцевиот ритам најчесто ја погодуваат постарата популација, но тие можат да се појават на која било возраст, дури и кај млади луѓе. Болеста може да биде предизвикана од:

- стрес

- пушење

- алкохол

- апчиња за слабеење

- лекови за кашлица

- настинка

- нарушување во работата на тироидната жлезда

- инфекција

- апнеја (прескокнување на срцето за време на спиењето)

Симптоми за тахикардија и брадикардија:

Тахикардија (забрзан пулс)

- лупање на срцето во градите

- непријатно чувство во градите

- слабост

- отежнато дишење

- вртоглавица

- потење

Брадикардија (бавен пулс)

- замор

- отежнато дишење

- вртоглавица

- губење на свеста

Појавата на овие симптоми автоматски не укажуваат на болеста, но претставуваат знак дека треба да отидете на лекар и да направите контрола.

Проверка на пулсот

Дали пациентот страда од срцева аритмија, утврдува кардиолог откако ќе бидат направени лабораториски анализи, ЕКГ, холтер мониторинг, срцев ултразвук со доплер, коронарографија, ангиографија...

Меѓутоа, како што објаснува д-р Лобан, пулсот можете да го проверите сами дома, при тоа нагласува да не го мерите пулсот ако претходно сте испиле кафе или пушеле цигара, бидејќи тоа може да влијае на резултатот.

- Пред самото мерење, седнете пет минути и опуштете се. Земете часовник што мери секунди или користете го тајмерот на телефонот. Испружете ја левата рака на масата благо свиткана во лактот со дланката свртена нагоре. Со другата рака, поставете ги показалецот и средниот прст на зглобот во близина на основата на палецот, помеѓу коската и тетивата, за да го најдете пулсот. Кога ќе го најдете, притиснете ја таа точка и избројте ги отчукувањата на срцето додека часовникот отчукува 60 секунди – објаснила д-р Лобан.

Третман

Според неа, срцевите аритмии можат да предизвикаат сериозни компликации и формирање на тромб, што е многу опасно, бидејќи ако дојде до витален орган, како што е срцето или мозокот, најчесто доведува до смртоносен исход за пациентот.

Во зависност од причината, аритмијата се третира на неколку начини:

терапија со лекови од антиаритмична група

електроконверзија (кардиоверзија)

електрофизиолошки процедури (радиофреквентна аблација)

поставување на пејсмејкер и дефибрилатор

Како што истакнуваат кардиолозите, повеќето пациенти со нарушен срцев ритам можат да водат нормален живот доколку се придржуваат до пропишаната терапија и редовно одат на преглед кај кардиолог.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер