Акција за донирање храна „Нахрани 10.000" во рамки на „Недела на солидарноста"

Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да ги обезбедат сите оброци во текот на денот.

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000", што ќе се одржи утре во рамки на „Неделата на солидарност" на Црвениот крст од 10 до 18 часот на 29 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија. Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат.

– Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да ги обезбедат сите оброци во текот на денот. На овие 29 локации граѓаните ќе можат да донираат храна која ќе биде со подолг рок на траење. Храната ќе биде ставена во пакети кои ќе бидат дистрибуирани до различни категории на социјално загрозени граѓани, истакна денеска на прес-конференција Блаже Јосифовски од мрежата „Сите сите".

Тој изразии надеж дека ќе биде донирано доволна количина храна за да може да се задоволат дел од месечните потреби на граѓаните.

Оваа акција се организира во рамки на „Неделата на солидарноста" што годинава од 15 до 21 април се одбележува впод мотото „Вашиот прилог значајна помош" со целни групи семејства кои живеат во рурални подрачја и се од социјално ранливи категории.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит саити информира дека ќе се собира храна, облека обуквки средства за хигиена, како и парични стредства. Средства ќе се собираат преку мобилни телефонски броеви 070/075/077 143 400 со донација од по 100 денари, или преку банкарска уплата на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период ќе се организира и хуманитарна акција од куќа до куќа за обезбедување донација во парични прилози.

Според податоците со кои располага Црвениот крст во Македонија 22,2 отсто од населението е сиромашно. Во светски рамки во сиромаштија живеат 2 милијарди луѓе, 750 милиони во екстремна сиромаштија, а 800 илјади во хронична глад.

Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228

 Бројот на жртвите од поплавите што ја погодија Кенија поради обилните дождови се зголеми на 228, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

Дождовите кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето низ земјата во последните недели се очекува месецов да се интензивираат.

Поплавите уништија домови, патишта, мостови и друга инфраструктура низ најголемата економија во Источна Африка.

Успешни Македонци во светот

Нашинецот од Австралија Златко Димовски со порака до Канал 5.

Моето име е Златко Димоски, ви пишувам и се надевам дека нашата успешна приказна можеби ке ви биде интересна.

Со моето семејство пред седум години заминавме во Австралија , ние сме спортско карате семејство, бевме многу успешни во Македонија и неколку пати сме биле гости во вашата ТВ ( семеен ручек на Вести и др емисии ). Како карате семејство успеавме да постигниме врвни спортски резултати на два континенти во Европа за македонија и на Океанија за Австралија.

Со мојата сопруга Елизабета Димоска бевме репрезентативци на Македонија а потоа успешни тренери и судии на Светската Карате Федерација .

Нашите керки близнаќки Мишела и Маријана Димоски беа едни од најдобрите и најуспешните каратисти на Македонија, ( две години по ред беа добитници на Спортски оскар за најуспешна шенска екипа во македонскиот спорт 2014 и 2015), освоија многу медали за Македонија на Светски и Европски првенства , К1 Премиер Лиги Балкански првенства.Заради нашите светски резултати на секој од нашето семејство Австралија ни понуди иселеничка виза за врвни достигања во спорт а нашите керки близначки добијаа две годишна олимписка стипендија од АИС- Австралиски Институт за Спорт и се првите во Австралија кои за карате беа спонзорирани од владата на Австралија.

Тие се единствените сестри во историјата на Светската Карате Федерација кои успеаа да се сретнат во финале на Светскиот Куп во Атина 2013 година,каде за Македонија освоија злато (Маријана) и сребро (Мишела) и 2013 беа прво и второ рангирани на Светската ранг листа. Покрај другите медали имаат освоено и сребрен медал од Светско Првенство Индонезија 2015 што е сеуште единствениот сребре медал од официјално Светско првенство за Македонија како и два бронзени медала од Европските првенства во Лисабон-Португалија и Лимасол -Кипар. Заедно имаат освоено 10 медали од Светските Купови за Јуниори и Јуниори У21, 11 медали од Светските К1 Премиер Лиги од кои 6 за Македонија и пет за Австралија,и околу 30 медали од Балканските првенства каде се сретнаа во финале на Балканските првенства во Атина 2010, Дубровник 2015, Херцег Нови 2017, Ларнака 2011...

Јас бев селектор на карате репрезентацијата на Македонија 16 години, и сега веке седум години сум селектор и национален тренер на Австралија, бев и првиот судија од Македонија кој се стекнал со Светска судиска лиценца.Во 2023 на Светското првенство во Будимпешта добив награда сребрена значка од претседателот на Светската Карате Федерација за 20 годишно судење на светските првенства, што е исто така своевиден упсех бидејки сум првиот Македонец кој добил ваква награда). Мојата сопруга Елизабета е првата жена од Македонија која положи за Светски судија во борби и заедно ја претставуваме Македонија на многу Европски и Светски првенства, а исто така од 2017 ја претставувавме Австралија на Светските првенства како судии во Мадрид и Будимпешта како и на Премиер Лигите во Јапонија, Индонезија, Турција, Хрватска, Нов зеланд ..Нашите керки се шест години шампиони на Австралија во сениори и континентални прваци на Океанија .

Имаат 5 медали од Океанија шампионатите. А во 2018 се сретнаа во финале на континенталното првенство во Нов Зеланд. За Австралија имаат освоено две сребра и три бронзи на К1 Премиер Лигите во Дубаи, Салзбург, Шангај, Истанбул...

Мишела освои сребро прво и се уште единствено за Австралија на Светскиот Куп во Умаг 2018 Маријана освои бронза но во 2017 година.

За нив пишуваше и познатиот Сандеј Тајмс. Живееме во Перт каде имаме три наши школи за карате, Ронин Карате . www.ronikarate4u.com.au

Ова е накратко, а во прилог ви испракам фотографии и линкови , доколку сте заинтересирани да ви бидеме гости во некоја од васите емиссии на вашата тв со задоволство би ја разкажале нашата приказна . Ние ке бидеме во Македонија од 14 - 20 Јуни, стои во маилот на Димовски до Канал 5 .

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

притисни ентер