АХВ: Максимално да се почитуваат препораките на СЗО за корона вирусот

Максимално да се почитуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за спречување појава и ширење на корона вирусот во земјава, апелира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ соопшти дека во координација со Ветеринарната комора ги информира ветеринарните друштва за максимално почитување, но и информирање на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на корона вирусот преку животните и храната од животинско потекло со оглед дека станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло.

– СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката, да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна (сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере. Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да избегнува и конаткт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи. Личната хигиена и миењето на рацете, избегнувањето контакт со лица кои имаат симптиоми на настинка или вирус исто така се дел од примарните препораки на СЗО за спречување на појава и ширење на корона вирусот, потсетува Агенција за храна и ветеринарство./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

притисни ентер