Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Aлбанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ Али Ахмети останува не отстапува од досегашните поставени црвени линии за ротирачки Албанец премиер. 

Тој вели дека СДСМ треба да дадат силни аргументи зошто Албанец не би можел да биде премиер. „ Доколку аргументот е силен тогаш отворени сме да дебатираме, зошто не премиер Албанец“, прашува Ахмети.

Ахмети најави денеска средба со Зоран Заев и посочи дека преговорите не одат во лош правец. Првиот човек на ДУИ денеска остана само со новинарите, бидејќи закажаната средба со лидерите на другите политички партии не се одржа. Ахмети ги повикал по повод 19 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Според него со недоаѓањето на лидерите од албанскиот блок ја намалуваат силата и притисокот врз Заев. Тој посочи дека ДУИ е главен фактор за стабилност.

За нова средба како што лидерите на останатите албански политички партии бараа да биде по 17 август, Ахмети посочи дека сега е нивен ред да организираат средба.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер