Ахмети се придружи на „антикоцкање“, се чекаат Заев и Мицкоски

Се зголемува поддршката за регулирање на работата на обложувалниците и казината.

На идејата за оддалечување од најмалку 3 километри на овие објекти од училиштата, болниците и верските објекти во населените места, која ја предложи движењето “Aнтикоцкање” се приклучи и првиот човек на ДУИ Али Ахмети.

„Во овој фронт ќе бидеме заедно бидејќи тоа е за доброто на сите. Но апелираме до тие кои мислат дека имаат добивка од ова дејност, да се оддалечат од населените места, училиштата и најфреквентните објекти од страна на граѓаните“, - изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Џемал Абиду од движењето “Антикоцкање” за Канал 5 вели дека значајна е поддршката на сите партии. Утре ќе остварат средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, а очекуваат во следниот период таква средба да направат и со Заев и Мицкоски. Абдиу вели дека се уште не е познато кога ќе се одржи јавна дебата по однос на предложените измени.

Ветено ни е дека неделата што доаѓа ќе биде и таа дебата, се надеваме дека ќе се одржи и ние сме спремни очекуваме нивен повик да ни се јават да учествуваме и да ги одбраниме нашите барања. – изјави Џемал Абдиу од „Движењето анти-коцкање“.

Од СДСМ велат дека се разгледуваат предлозите, но исто така пред да се донесе законското решение ќе се води сметка да не дојде и до загрозување на работните места на вработените во казината и обложувалниците со што би се отворил нов проблем.

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина

Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина за злоупотреба на службена положба.

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ, информираат од МВР.

- Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје, стои во соопштението од МВР. На тој начин пријавениот, се вели во соопштението, го оштетил буџетот на општината за износ од 662 илјади денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

 Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри.

Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.

Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.

Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри.

Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.

Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.

Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.

притисни ентер