Ахмети потпиша коалициски договор за изборите и со Демократската партија на Турците

Покрај со албански ДУИ го проширува „Европскиот фронт“ и со некои од партиите на помалите етнички заедници. Али Ахмети и лидерот на Демократската партија на Турците Бејџан Иљас во Гостивар ставија потпис за коалициска соработка.

Два дена претходно во Тетово му се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, партијата на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи, а заеднички настап „интегративците“ договорија и со Унијата на Ромите на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Ахмети очекува и крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците да биде дел од нивната коалиција, но тие конечната одлука треба да ја донесат утре на Генерлано Собрание на партијата..

Потегот на Ахмети да коалицира со партии од други помали етнички заедници за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е неуспешен политички маневар за да го ублажат поразот од албанската здружена опозиција кој, според него, ги чека на парламентарните избори.

– Ценам дека се обидуваат да направат маневар на политичкиот простор со што ќе го ублажат поразот на следните парламентарни избори од страна на консолидираната условно кажано албанска опозиција во Македонија. Не мислам дека ќе биде овој потег успешен, имајќи ги предвид лицата коишто пристапуваат на таа коалиција, но времето ќе покаже и гласачите. Во минатото имаше многу обиди ДУИ да претстави одредени позиции коишто се неуспешни, ќе ве потсетам на зелената транзиција на партијата коишто наместо еколошки политики презентираше бизнис тендер политики, изјави Мицкоски.

За ВМРО-ДПМНЕ префериран иден коалиционен партнер е опозициоскиот блок на Албанцете – ВРЕДИ, но тие не отстапуваат од условот за изгласуавње на уставни измени со кои треба да се откочи европскиот пат.. Истиот услов го имаат и блокот превдоден од ДУИ.

Од друга страна, услов за пост-изборна колалиција испорачаа и од ВМРО-ДПМНЕ – тоа е укинувањето на балансерот, за кој јасен став немаат ниту ДУИ ниту Вреди.

Мицкоски денеска го потврди проширувањето на колаицијата со неколку партии, меѓу кои и партиите предводени од Павле Трајанов, Стојанче Ангелов, Љубе Бошковски и Петар Богојевски, и порача дека тоа е врз основа на принципиелен договор за функционирање во идната влада и изрази надеж дека мотивот кај нив за приклучувањето на Коалицијата е добрата програма што ВМРО-ДПМНЕ ја нудат.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

Ден на македонската дипломатија - 55 години од основањето на МНР

 Во Министерството за надворешни работи денеска се одбележува 55 години од неговото постоење. 

По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.

Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година. Република Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство. Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на надворешните работи и надворешната политика на Република Северна Македонија.

Една од најзначајните дипломатски активности на ова Министерство беше претседавањето со ОБСЕ кое ја одбележа изминатата 2023 година кога нашата држава беше домаќин на Самитот на ОБСЕ.

притисни ентер