Ахмети посака Албанец премиер, Заев му порача дека нема да биде дел од идната Влада

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 18-годишнината од партијата посака Албанец за премиер. 

Ова побуди низа реакции кај политичките субјекти во земјава. СДСМ како коалициски партнер му порача на ДУИ дека ако ова е услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. За албанските партии ваквата идеја на ДУИ е популистичка, а Ахмети нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните.

Во обраќањето по повод полнолетството на партијата во кое Ахмети говори за придобивките на албанскиот народ во изминатите 18 години, меѓу другото вели дека следната цел што треба да ја реализираат е Албанец за премиер.

– Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, Заедно се соочивме со

секој предизвик и веруваме еден во друг, Заедно ги определивме и ги

остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас,

заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори,

да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и

докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот

Албанец премиер на земјава, наведе Ахмети.

Мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник, му порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на Ахмети.

– Доколку СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, реагираше Заев во објава на Фејсбук.

И лидерот на „БЕСА", Биљал Касами се огласи на Фејсбук оценувајќи дека идејата на ДУИ во околности кога веќе има одредени списоци за кандидати за пратеници и паузиран изборен процес, е популистичка со цел да се соберат политички поени.

– Фрлањето на оваа идеја во овој момент повеќе како може да се толкува дека ДУИ ќе оди во опозиција и пред своите гласачи за да се оправда дека тие не добиле премиер од своите редови и мора да одат во опозиција. Не е спорно дека Албанците во иднина може да имаат премиер во Македонија, но тешко дека ова ќе биде кадар на ДУИ се додека тие не се борат против криминалот и корупцијата во нивната партија. Албанците во Македонија одамна се срамат да се идентификуваат со политиките и политичарите во рамките на ДУИ, кои газеа сè што е албанско за време на своите 18 години на власт, напиша Касами на Фејсбук.

Според него, неуспесите на 18-годишното владеење на ДУИ не можат да бидат покриени со, како што вели, пуштање на „една рака муви" за барање за премиер Албанец.

Сличен став изнесе и Алијансата на Албанците која преку соопштение го окарактеризира 18-годишното владеење на ДУИ како години исполнети со неуспеси, неисполнети ветувања и коруптивни скандали.

– Ако Демократската унија за интеграција ја исполнеше својата обврска кон граѓаните за сите дадени ветувања и ако беше искрена во идејата за албанско владеење а не консензуално, вие би го поддржале кандидатот за албански претседател на претседателските избори. Но, вие се одлучивте за консензуален претседател, а оваа поддршка беше само ваша политичка игра во замена за партиски интереси со цел да победите неколку општини на локалните избори што знаевте дека сте ги изгубиле, наведе Алијанса за Албанците во соопштението.

Во земјава се уште не е определен датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Изборите требаше да се одржат на 12 април, но беа пролонгирани поради епидемијата со корона вирусот. Оттогаш партиите не можат да се договорат за датумот за избори. СДСМ како последен термин го нуди 5 јули, додека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека избори во овој период не се возможни поради актуелната ситуација со коронавирусот. /МИА

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер