Ахмети: Баравме судењето да се повтори зашто како партија плативме превисока цена

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и обвинителот Џелал Бајрами сведочеа за случајот “Монструм”.

Ахмети пред судот кажа дека за петкратното убиство кај Смилковското езеро дознал следниот ден од медумите. Како лидер на партија бил загрижен дека по настанот ситуацијата може да ескалира, а за случајот разговарал со високи претставници од САД и Европската унија.

Обвинителката Фетаи го потсети Ахмети на споделените информации во разговорите кои ги водел со Сафет Незири, поранешен генерален секретар, поранешниот министер Беџети и заменик министер Џелал Бајрами во врска со случајот. Ахмети рече дека разгоарал со многу луѓе и се интересирал за петкратното убиство, затоа што тој секогаш велел дека без докази никој не треба да се обвинува, а за него и за партијата најважно било да се дојде до вистината. Ахмети кажа дека била формирана и работна група чија цел била да се повтори судењето.

Тој во изјава за медиумите кажа дека не може да суди дали обвинетите се виновни или не, но за неговата политичка партија вели дека ја платила највисоката цена.

„Побаравме повторување на овој процес, повторно судење затоа што судовите и обвинителството беа многу чувствителни, ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација, вклучително и семејствата кои ги загубија своите во овој трагичен настан, вклучувајќи ги и тие што беа осудени. И ние инсистиравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање . Ние очекуваме судските власти да го разрешат и расветлат случајот. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите нè обвинуваа дека сме поврзани со случајот, нема никој друг кој повеќе од нас сака да се расветли овој случај затоа што политичката цена ја плаќаме ние“

Вицепремиерот Османи во своето сведочење рече дека само еднаш се сретнал со семејството на Хаки Азири, кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката. Кажа дека семејството побарало од него да им каже каде е нивниот син.

Џелал Бајрами, тогашниот заменик министер за внатрешни работи сведочеше дека екс министерката Јанкулоска во мај 2012та излегла на пресконференција и изнела тешки обвинувања за тогаш приведените лица, што не било поретходно договорено по што настанала тензична ситуација во МВР. Бајрами рече дека не се сеќава дека споделил информации за случајот со Ахмети, но кажа дека имал неформални разговори со него.

По рочишето адвокатката на семејствата кажа дека овие свеочења нема многу да придонесат за натамошниот тек на постапката.

Судењето продолжува на 27 февруари, за кога се повикани сведоците Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски.

МВР подготвено за преземање на Палевски, точниот тајминг не се соопштува

Откако Република Турција даде одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, се очекува негово пристигнување во Македонија.

Се уште нема конкретна информација кога точно Љупчо Палевски ќе биде испорачан во Македонија, во интерес на процесот на спроведување на екстрадицијата не се соопштува точниот датум на испорака. Вчера министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека полициските службеници од Македонија се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно за Палевски да биде изведен пред лицето на правдата. Полициски извори велат дека не треба да очекуваме спроведувањето на Палевски да се случи денес или утре.

Откако Република Турција даде одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, се очекува негово пристигнување во Македонија, по што според процедурата, веднаш по слетувањето на Аеродромот Скопје, со полициска придружба ќе биде веднаш спроведен во истражниот затвор Шутка, по што ќе се чека отпочнување на судскиот процес. Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

Поранешниот полициски началник, Љубомир Ѓурчевски предупредува дека постои веројатност со пристигнувањето на Палевски во Македонија, да се смени текон на истрагата. Сега е на потег Обвинителството кое ќе ја игра клучната улога во распитот.

Вчера, министерот за правда Кренар Лога потврди дека е добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палевски во Турција беше уапсен на 5ти декември.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

ВРЕДИ и ДУИ деновиве ќе градат став дали и кого ќе поддржат во вториот круг

Партиите од албанскиот блок деновиве ќе носат одлуки дали и кој претседателски кандидат ќе го подржат во вториот круг од претседателските избори. 

Од коалицијата „Вреди“ одлуката ќе се носи на лидерско ниво – помеѓу четврицата партсики лидери, иако како што посочи Изет Меџити ВМРО-ДПМНЕ досега тоа не го побарала од нив.

„Сега за сега немаат побарано таква поддршка. Но за волја на вистината голема е раљзликата во гласовите, повеќе е фромален втор круг, ние деновиве ќе седнеме лидерите на ВЛЕН и ќе донесеме одлука“, порача Изет Меџити.

На чие конто ќе легнат гласовите на Османи од првиот круг и дали интегративците отворено ќе ги повикаат членовите да гласаат за еден од двајцата кандидати, допрва ќе се носи одлука и во ДУИ.

„Тоа ќе биде партиска одлука, но ние се уште немаме донесено таква одлука, тоа ќе се знае во наредните деноиви. Сега ние сме фокусирани на парламентарните избори и комуницираме со тоа дека сме победници со плус 40 илјади гласачи“, истакна Арта Биљали Зендели од ДУИ.

Во меѓувреме продолжуваат препукувањата помеѓу Европскиот Фронт и ВРЕДИ околу закажаните завршни митинзи в понеделник во ист термин на тетовскиот плоштад „Илирија“. Интеративците и денеска порачуваат немаат намера да се откажат од местото на одржување на митингот и тврдат дека први поднеле барање и добиле одобрение од МВР. Од „Вреди“ пак уверуваат дека тие први добиле дозвола за одржување на митингот од општина Тетово уште пред 10 дена и дека уште тогаш побарале одбрение и од МВР. Конечниот став дали ќе им го отстапат тетовскиот плоштад на Европскиот фронд и ДУИ, како што најавија, ќе го соопштат во следните денови и порачаа дека нема да потпаднат под провакциите на ДУИ, кои според нив по секоја цена сакаат да предизвикаат инциденти, со цел да ја дефокусираат јавноста од губењето на гласови и од коруптивните зделки.

Ковачевски ги одби условите на Димитриевски, Мицкоски негира „кокетирање“ со структури на СДСМ

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски доби експресни одговори од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на поставените услови за евентуална постизборна коалиција.

На синоќешниот митинг во Кисела Вода на СДСМ, Ковачевски рече дека немало да тргува со иднината на државата, а упати и низа критики за неговиот поранешен сопартиец.. Според него, СДСМ е единствената партија наследник на НОБ и АСНОМ, а граѓаните и гласачите на партијата веќе ја препознале, како што рече, измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

-За разлика од субјектите како „ЗНАМ“ кои се човек-партија, СДСМ се државничка партија со длабоки и силни корени. СДСМ не прифаќа условувања и со никого не прави политички дилови. Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ и на АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов.

Но, една работа ќе им порачам, на крајот на денот предавникот не го сакаат дома, меѓутоа уште помалку го сакаат надвор од дома. - Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Димитриевски од првомајскиот пикник на ЗНАМ од Пелинце му возврати на Ковачевски дека навредите уште еднаш ја покажале ароганцијата на партискиот врв на СДСМ.

Во изјавата за медиумите Димитриевски не одговори на повикот од Мицкоски, кој од митингот во Струмица демантираше дека имале соработка со Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оттаму уште еднаш побара од првиот човек на ЗНАМ да се изјасни дали ќе ја поддржи Силјановска или Пендаровски во вториот круг од изборите..

-Наместо да работат за интересот на народот и на Македонија, и да измислуваат триста глупости и изговори, зошто сме контактирале со овој зошто сме контактирале со оној.. Еве да му одговорам на оној претседателски кандидат, којшто постави прашање кукавички денеска дека ВМРО-ДПМНЕ кокетирало де со овој-де со оној. Ниту со Ковачевски, ниту со Венко Филипче, ниту со Зоран Заев, ние комуницираме и сме во коалиција со народот на Македонија. Ајде кажи сега кого ќе поддржиш? - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во пакетот услови, покрај оставки од раковдството и повлекување од пратеничките листи на носителите и коносителите, Димитриевски од СДСМ побара и гаранција дека нема да продолжат соработка со ДУИ.. За ова, како и за темата уставни измени – рече дека се согласува со ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер