Агелер: Важно е да се има одговорност за случаи каде има докази за корупција

Амбасадорката  на САД, Ангела Агелер која денеска присуствуваше на претпразнична чајанка во Јавното претпријатие Лајка, на новинарски прашања не сакаше да го коментира бегството на Груби.

Амбасадорката на САД, Ангела Агелер која денеска присуствуваше на претпразнична чајанка во Јавното претпријатие Лајка, на новинарски прашања не сакаше да го коментира бегството на Груби но порача дека е важно да се има одговорност во случаи на корупција.. Даде одговор и на најавите за распуштање на Судскиот совет

-Знаете, јас навистина немам коментари за тоа што се случува со Артан Груби, не знам каде се наоѓа тој, мислам дека е важно луѓето да бидат одговорни за своите дела и се надевам дека тој ќе биде еден од нив.Мислам дека сум била многу јасна и ние во абасадата сме биле многу јасни за тоа што мислиме, во смисла за судскиот совет, останатите институции во судството. Треба да има одговорност, но процесот треба да биде и транспарентен за луѓето да разберат, граѓаните да разберат што се случува и зошто, истакна Агелер.

Монструмот од Цетиње бил најден преку термална камера, ги убил и децата на газдата на кафеаната

Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат .

Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа, дознава порталот Стандард.

Мартиновиќ уби три жени, седум мажи и две деца во својот убиствен занес.

Сѐ започнало во една кафана по цел ден пиење во пријателска атмосфера, кога Ацо Мартиновиќ се расправал и решил да го започне крвавиот поход.

Излегол од кафеаната за да земе оружје, а потоа брзо се вратил и ги испукал фаталните истрели кон четири лица. Мартиновиќ откако убил четири лица со кои цел ден се дружел во кафаната, продолжил да сее смрт на уште четири локации. Затемнетата свест на овој цетињенец не ги поштедил животите на две деца на возраст од 12 и 13 години, чиј татко, сопственик на кафеаната, претходно го убил.

Крвавиот поход траел помалку од половина час, по што Мартиновиќ побегнал со својот автомобил. По првите информации за пукање во кафаната и на други локации, имало индиции дека масакрот ќе продолжи на уште неколку локации, кои полицијата со брза интервенција успеале да ги обезбедат.

Како што дознава порталот Стандард, Мартиновиќ и претходно со првостепена пресуда бил осуден за недозволено поседување оружје и експлозивни материјали, поради што се стравувало дека ќе ги таргетира обвинителот и судијата што го осудил, но со интервенција на полицијата, тие локации биле брзо обезбедени.

Според неофицијални информации, Мартиновиќ по масовното убиство побегнал со својот автомобил, кој поради полициските блокади што му биле поставени низ градот решил да го напушти и да го остави на страната на патот во местото Бајице.

После тоа полицијата од неколку локации добила информација дека тој наводно бил виден, но ниту една од тие информации не била потврдена, како онаа дека се сокрил во холот на фабриката „Обод“.

Во соработка со мештаните, полициските службеници добиле нови информации дека Мартиновиќ можеби се крие во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа.

Специјалните единици на полицијата потоа го опколиле теренот, каде со помош на термална камера го забележале Мартиновиќ во близина на таа зграда.

Полицијата потоа му упатила предупредување да го остави оружјето и да се предаде. Откако се нашол во круг од кој не можел да излезе, Мартиновиќ истрчал до блискиот потпорен ѕид каде си пукал во главата, по што починал во амбулантно возило.

Масовна тепачка во белградски хотел порадио кокаин на масата (ВИДЕО)

За време на новогодишната ноќ во хотел во Белград, дошло до голема тепачка кога група млади момчиња почнале да ги удираат сите пред нив.

Причината за нападот била бизарна - предупредување да не се користи кокаин на масата, пренесе Телеграф.

Како што можете да видите на видеото од местото на нападот, младите го нападнале кого и да стигнале, го фрлале преку шанкот во фоајето на хотелот, ги соборувале на земја и клоцаат по неколку луѓе еден по друг. Освен што групно ги тепале мажите, тие ги напаѓале и жените и ги соборувале на земја, а насекаде се слушале извици и врисоци.

Не се знае дали во тепачката има сериозни повреди, дали некој побарал лекарска помош и дали некој од напаѓачите е приведен.

Северина на пречекот во Сараево го донесе и синот: Тој, јас и уште вие 55 илјади (ВИДЕО)

Северина пееше во Сараево на дочекот на 2025 година.

Таа на Инстаграм откри дека го однела синот во Босна и Херцеговина.

Севе објави видео на кое може да се види како гледа низ прозорецот со нејзиниот син кон илјадниците луѓе кои се собраа на една од најфреквентните улици во Сараево.

„Тој и јас... И 55 илјади вие во Сараево... Каква енергија, сите пеевме и игравме како едно, убави луѓе како едно големо срце... Јас сум среќна жена...“, напиша таа во описот.

Според податоците на МУП на кантонот Сараево, на концертот имало повеќе од 55 илјади луѓе. Северина половина час пред полноќ излезе на сцената и ја дочека Новата година со граѓаните.

На репертоарот беа триесетина од најголемите хитови од нејзината кариера, но и неколку песни кои ѝ се особено драги. Еден од нив беше „Сараево, љубов моја“ од Кемал Монтено, со која ја пречека со публиката 2025 година. Пред полноќ, на сцената ѝ се придружи и градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ.

За време на нејзиниот настап таа рече дека сака ниту едно дете да не се повреди оваа година. Им пружи поддршка и на студентите од Белград, кои исто така пристигнаа во Сараево. Освен Северина, на новогодишната ноќ во Сараево настапи и Ади Шоше.

притисни ентер