Агелер: На Груби и Беџети им е забранет влез во САД, се разгледуваат дополнителни санкции

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата, соопшти на денешната прес-конференција американската абасадорка во земјава, Анџела Агелер. Таа подвлече дека нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции. Какви би биле тие Агелер не можеше да открие повеќе детали, но кажа дека постојат повеќе видови на санкции во САД меѓу нив и трговски и финансиски, како и за членовите на семејствата.

-Поради нивните напори да се мешаат и да ја оцрнат работата на судството, и под оваа ознака, на нив и на членовите на нивното потесно семејство им е забранет влез во САД. Дополнителни санкции исто така се разгледуваат во Вашингтон. Согласно американските закони, ние мора да назначиме поединци за кои е докажано дека учествувале во значителна и штетна корупција, без разлика на нивните улоги, минати или сегашни. Се вели дека „Правдата е слепа“, бидејќи мора да биде непристрасна и објективна кон сите, без разлика на нивната политичка партија, пол, етничка припадност или позиција - Агелер.

Агелер најави дека црната листа ќе се проширува и со други имиња кои не се само политичари. Како што кажа, американскиот Стејт департмент нема да ги достави доказите против Артан Груби и Енвер Беџети на македонските власти, поради строгите правила во САД за почитување на приватноста. Но, ако доказите за Груби и Беџети се лесно достапни за САД, тогаш се и за македонските институции и судството кои треба да постапат, порача амбасадорката.

-Ние сме обврзани согласно закон да ги назначиме и да ги санкционираме тие индивидуи за кои имаме силни докази за криминална корупција. Што ќе се случува понатаму, зависи од спроведувањето на законот и судството во оваа земја. Но, би кажала дека доколку ние ги собереме тие докази, можат и тие, изјави Агелер.

Иако, одлуката беше соопштена во време на зовриени етничките тензии, закани за дестабилизација и почеток на жестока битка со корупцијата и криминалот, Агелер вели дека за тајминот воопшто не се одлучувало, туку таа е резултат на процедурите што се водат во Стејт Департментот..

-Соопштението беше дадено вчера, како дел од поголема програма на Вашингтон за меѓународниот ден за борба против корупција, што е на 9 декември, значи тоа е одличен тајминг за нас. Ние на планираме на било каков начин, ниту пак контролираме што Вашингтон прави во смисла на процесирање на одредени случаи... и иако многу ги поздравувам владините изјави за реформа во судството, ова немаше никаква поврзаност со тоа. Многу од нашите други акции се во поддршка на потребните реформи секој ден, секој ден од годината – Агелер.

За одлуката на Стејт Департментот да го стави на црна листа поранешниот прв вицепремиер и најблизок соработник на Ахмети, се огласија денеска и од Мала Речица. Во краткото соопштение велат дека „ќе ја почитуваат одлуката на Стејт департментот на САД. Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, соопштија од ДУИ.

Синоќа , преку објава на социјалните мрежи се огласи и Артан Груби.. „Оваа одлука ме засега директно и лично, напиша Груби, додавајќи дека ќе се ангажира и максимално, заедно со партнерите за целосно да го обели ова прашање“.

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до 10 години во врска со нападите врз воени објекти по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан во 2023 година, соопшти денеска канцеларијата за медиуми на пакистанската армија.

Од истите причини пред неколку дена беа изречени затворски казни за група од 25 цивили.

Апсењето на Кан во мај минатата година предизвика протести низ целата земја, при што неговите приврзаници напаѓаа и ограбуваа воени објекти.

Трамп најавува крај на „трансродовиот делириум“

Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило.

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре, како што рече, трансродовиот делириум во САД.

Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, тој рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои ќе се ставело крај на како што го дефинираше, сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучеле трансродовите лица од војската и училиштата.

-Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило. И ќе потпишам извршни наредби да се стави крај на сексуалното осакатување на децата. Да го тргнеме трансродовото надвор од војската и надвор од нашите основни и средни училишта.И ќе ги држиме мажите надвор од женските спортови. Тоа исто така ќе биде направено на првиот ден, рече новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп во обраќањето.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Нема веќе како до сега, правдата доаѓа.

На СДС изгледа уште не им е јасно дека лагите и клеветите веќе не проаѓаат како до сега, правдата доаѓа.

По нивните клевети за Бојан Христовски, директор на АНБ, ДКСК излезе со став дека нема основа за постапување против директорот, Христовски.

Освен лаги и измами, СДС не знае што друго да понуди на народот. Затоа се партија на дното, на анкетите и имаат рејтинг еквивалентен на статистичка грешка. ВМРО-ДПМНЕ има пет пати повисок рејтинг од нив, а Мицкоски има седум пати поголема доверба кај граѓаните во однос на Филипче.

Времето на криминалниот тандем СДС и ДУИ, која работеше на штета на граѓаните е минато. Матните тендери, игрите на среќа, скандалите во РЕК Битола и многу други се веќе под лупа на правниот систем.

Македонија се трансформира!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер