АЕК достави предлог и динамика за намалување на цените во роаминг со Грција

 Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог и динамика за најавеното намалување на цените во роаминг  што, според меморандумот што го потпишаа двете држави, треба да стартува од летната сезона.

Првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти, на појдовни повици во малопродажба за 77 проценти, а кај СМС за 69 проценти.

Од АЕК за МИА изјавија дека од наша страна сме подготвени првичното поевтинување на услугите да почне од 1 јули годинава. Чекаат известување од грчкиот регулатор за електронски комуникации кога од нивна страна ќе бидат завршени националните процедури и ќе се исполнат предусловите за да може да се реализира најавата од потпишувањето на меморандумот на 19 февруари годинава од ресорните министри Никос Папас и Дамјан Манчевски.

Според предлогот на АЕК, првата година по влегување во сила на меморандумот цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти. Конкретно, од 1 јули малопродажната цена за MB ќе изнесува 0,70 евра, една година подоцна 0,45 евра, а од јули 2021 година 0,20 евра. Процентуалното намалување на цената за појдовни повици во малопродажба, пак, во првата година би било 77 проценти. Појдовен повик од 1 јули треба да чини 0, 29 евра, во јули следната година да се намали на 0, 24 евра, а во јули 2021 година 0,19 евра. Цената на испратени СМС пораки од јули годинава би чинела 0,09 евра, а 0,08 евра, односно 0,06 евра од 2020 односно 2021 година, а за добиените пораки ќе бидат бесплатни. Кај пораките по првата година цените би се намалиле за 69 проценти.

Формирано координативно тело, се чека да завршат процедурите од грчката страна

Со Меморандумот се предвидува за негова примена да бидат одговорни националните регулаторни тела од двете држави (Агенцијата за електронски комуникации и Hellenic Telecommunications and Post Commission), а намалувањето на цените на роаминг услугите да биде со динамика и до ниво исто како цените на роаминг услугите дефинирани во Регулативата за роаминг услуги на европско ниво бр. 531/2012.

– Двете регулаторни тела веќе воспоставија комуникација и го формираа координативното тело од двете институции кое што ќе работи на реализација и имплементација на одредбите од Меморандумот.

Земајќи ги во предвид сите околности Агенцијата ги извести колегите од регулаторот за

електронски комуникации во Грција дека од наша страна можеме да започнеме со првично

намалување на цените на роаминг услугите започнувајќи од јули 2019 година. Притоа Агенцијата ги зема во предвид минималните рокови пропишани со Законот за електронски комуникации за јавна расправа од 30 дена на Одлуката која што треба да ја донесе Агенцијата за намалување на цените на роаминг услугите, како и времето неопходно за да се направат измени на Законот за електронски комуникации со цел да се даде надлежност на Агенцијата да донесе ваква Одлука, велат од АЕК.

На нивниот предлог и динамика за примена на меморандумот, колегите од регулаторот во Грција ги известиле дека меморандумот се уште не е влезен во сила и оти се уште од нивна страна не се завршени сите национални процедури за да може да стартува примената. Им најавиле дека ќе ги известат најбрзо што може откако ќе се создадат неопходните предуслови.

– Согласно член 10 од Меморандумот, тој ќе влезе во сила откако двете страни по дипломатски канали ќе известат помеѓу себе дека се завршени сите национални процедури за Меморандумот да може да влезе во сила. Имајќи во предвид дека наметнувањето на обврските на операторите за намалување на малопродажните и големопродажните цени за роаминг услуги во двете земји мора да бидат засновани на реципрочна основа и истите треба да бидат временски синхронизирани, понатамошните активности на Агенцијата ќе бидат усогласени со динамиката на создавањето на неопходните услови за имплементација на Меморандумот во Грција, појаснуваат од АЕК за МИА.

Роамингот во регионот од јули ќе поевтини за 50 до 70 проценти

Согласно со Спогодбата за укинување на роамингот во западен Балкан, потпишана помеѓу државава, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, од 1 јули годинава до јуни 2021 кога цените за роаминг услугите ќе исчезнат, се воведува преоден или транзитен период во кој операторите за роаминг услугите ќе може да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени.

Тој дополнителен надомест не може да биде поголем од околу три денари (0,05 евра) за роаминг појдовни повици. Додека пак малопродажната цена за влезните роаминг повици ќе биде околу 2,5 денари во првата година започнувајќи од 1 јули годинава, односно околу 1,5 денари во втората година започнувајќи од 1 јули 2020 година. Слични намалувања на роаминг услугите се очекува и за СМС пораките, со тоа што излезните СМС пораки нема да бидат поскапи од 3,7 денари, додека влезните СМС пораки ќе бидат бесплатни.

Ваквата спогодба ќе придонесе до намалување на цените за роаминг повици во просек од 50 до 70 проценти уште во првата година од нејзиното имплементирање споредено со сегашните цени на регулираните малопродажни роаминг повици со четирите земји потписнички на Спогодбата за намалување на роаминг услуги од септември 2014 во Будва.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер