Адвокатот на екс разузнавачот Ефремов тврди: Нема докази за шпионажа

Одбраната во Шпион започна со завршни зборови. На денешното рочиште неколку часа говореше Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот - екс разузнавачот Маријан Ефремов.

Тој рече дека обвинителниот акт бил контрадикторен и дека не се докажало дека Ефремов давал информации на странски разузнавачки служби.

Според Миланов и сателитскиот телефон не може да биде доказ затоа што не бил користен за комуницирање повеке од 10 години. Единствено три пати било контактирано со Агенцијата за надополнување на сметка, објасни Миланов.

Тврдеше и дека со дел од обвинетите Ефремов не се познавал и не комуницирал со што не можел да формира злосторничка група како што се обвинува.

Адвокатот наведе забелешки за судењето, за доказите и начинот на кој што биле обезбедени.

На наредните рочишта закажани во текот на летово завршни зборови ке дадат и останатите адвокати и обвинетите.

Според најавите на адвокатот се очекува во завршниот збор Ефремов да ја даде и својата одбрана, бидејќи во текот на судската постапка се бранеше со молчење.

Во првата макеоднска шпионска афера обвинети се 19 мина за злосторничко здружување, шпионажа, за злоупотреба и за оддавање државна тајна, уцена, изнуда.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер