Големите светски спортски смотри како што се Олимписките игри секогаш предизвикува некоја необична сторија, но според милиони , а ниедна од претходните не изгледа полуда и почудна од онаа на Жијинг Зенг.
Зенг е родена во Кина но на Игрите во Париз настапова под настапува под знамето на Чиле. Секако ова не би било ништо невообичаено доколку Зенг не би имала 58 години?!
Таа со своите 58 години сигурно во светски оквири е највозрасниот дебитант на некое големо спортско натпреварување.
Зенг учествува на олимпискиот турнир во пинг- понг но не за родната Кина , туку во дресот на селекцијата на Чиле.
Сепак, за разлика од многу натурализирани Кинески спортистки, Зенг всушност со децении живее и работи во Чиле, каде што е тренер во пинг-понг.
Според медиумите Зенг уште на најрана возраст покажала голем талент за пинг понгот и можела и порано да има поуспешна кариера, но промените во дизајнот на рекетите за пинг-понг, преминот кон двострани рекети, значително се одразиле на нејзиниот стил на игра, поради што решила предвреме да се пензионира.
Таа цели 20 години воопшто не учествувала на натпревари . Но се се променило за време на ковид пандемијата во светот.По што се вратила крај зелената маса и започнала со тренинзи и натпревари по кои успеала да се избори за учество на Олимписките игри во Париз, каде сепак одиграла само едно коло.
Таа во првото коло на турнирот беше поразена од Либанката Маријана Сахакјан со 4:1 во сетови.
Учеството на Занг на Игрите во Париз само ја потврдува тезата дека ако нешто се сака, сонува и работи на него напорно сонот се остварува без разлика на времето и возраста.