38 предлози за одбележување на годишнини во 2015

Триесет и осум предлози содржи Предлог-програмата за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2015 година, која матичната собраниска Комисија за култура ја прифати денеска на седница и ќе биде проследена на усвојување од Собранието на РМ.


Работната група ги разгледала притигнатите 166 предлози на 29 институции и 38-те што ги селектирала ги исполнувале критериумите за значајност и критериумот временски интервал.

Меѓу јубилеите за настани кои се предлага да бидат одбележани идната година, се 70 години од: кодификација на македонскиот јазик и усвојување на македонскиот правопис; завршувањето на Втората светска војна; Првиот црковно-народен собор за возобновување на МПЦ; формирањето на првата народна Влада на ДФМ (на Трето заседание на АСНОМ); формирање на Македонскиот народен театар; објавување на првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ и од првото основно училиште на албански јазик „Лирија“ во Скопје. Во годишнините за настани се предлагаат и: 90 години од објавувањето на Абецедарот, 110 години од излегувањето на весникот „Македонија“, 110 години од масакрот во прилепското село Загоричани, 50 години од објавувањето на Историјата на македонскиот јазик од Блаже Конески.

Во јубилеите за значајни личности, меѓу другите, се предлагаат 110 години од смртта на Никола Карев, Александар Турунџев и Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Ѓорче Петров и 175 на Димитар Поп Георгиев Беровски, 100 години од загинувањето на Јане Сандански, еден век од раѓањето на Мирче Ацев, Антон Попов, Кузман Јосифовски-Питу и Венко Марковски, 90 години од раѓањето на Кирил Македонски и на Властимир Николовски и исто толку од смртта на Тодор Паница, 500 години од мачеништвото на св. Ѓорѓи Кратовски, 40 годни од смртта на Ристо Крле...

Од албанската заедница за одбележување се предложени 275 години од раѓањето на Али-паша Тепелена, 150 години од раѓањето ан Ибрахим Темо, 80 години од раѓањето ан Али Вишко, 50 години од смртта на Фан Ноли, 20 години од смртта на Антон Чета и 10 години од смртта на Мурат Исаку...
Носители на одбележувањето на годишнините во наредната година ќе бидат државни и локални институции.

Членови на работната група што ги селектираше предлозите посочи дека предлог-програмата е избалансирана, но нема предлози од други етнички заедници - турската, ромската, влашката.

И оваа година институциите не биле ажурни да одговорат на повикот за доставување предлози, не пратиле предлог, а повеќето (освен пет) не ни одговориле дека немаат предлог за годишнина во 2015 година.

Претседателката на Комисијата Силвана Бонева рече дека пратиле дописи до 120 институции, а одговори добиле од 29, и покрај рокот од два месеца кој им бил даден. Членовите се согласија дека Македонија има можност да направи многу побогата програма на настани и личности, но дека таа зависи од институциите кои од година во година се повеќе затајуваат.

На денешната седница беа поддржани во прво читање и Предлог-законот за издавачката дејност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство. Нив ги образложи заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. Тие донесуваат многу измени во постојните закони со кои се дорегулираат овие две области.

Во Предлог-законот за заштита на културното наследство, на пример, новини се: археолошки катастар, согласност од Управа за заштита на културно наследство при трансформација на земјоделско во градежно земјиште, измени во условите за стручен раководител на археолошки истражувања (се предлага едно лице веќе да не може да биде стручен раководител на две или повеќе археолошки истражувања) итн...

Поради значајноста на двата предлог-закона и за да се слушне ставот на експертите, за нив Комисијата за култура ќе организира одделни јавни расправи.

Израел извршил воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Израел извршил воздушни напади врз неколку области низ Појасот Газа, вклучително и повеќе локации во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.

Во израелските воздушни напади биле погодени и бегалскиот камп Нусејрат и градот Аз-Завејда во централниот дел на Појасот Газа, како и бегалскиот камп Џабалија на север, јави агенцијата Вафа.

Нема податоци за бројот на загинати и повредени во нападите.

Болниците и другите служби за итни случаи кои обично известуваат за смртни случаи и повредени се борат да продолжат да работат откако Израел минатата недела ги блокираше копнените патишта што се користат за испорака на гориво за генераторите, пишува Ал Џезира.

Македонско-српски лингвистички средби

„Македонско-српски лингвистички средби“ ќе се одржуваат денеска и утре во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. 

Орагнизатори на средбите се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во соработка со Институтот за српски јазик при САНУ.

Според програмата, денеска ќе бидат презентирани проектите: „Етимолошки речник на македонскиот јазик“, претставен од проф. д-р Гоце Цветановски; „Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“, претставен од проф. д-р Лилјана Макаријоска и „Јавниот дискурс во Република Србија“, претставен од проф. д-р Марина Николиќ и м-р Миљана Чопа.

За иницијативата за соработка меѓу проектите ќе зборува проф. д-р Марина Спасојевиќ.

Како што е најавено, утре предавање ќе одржи проф. д-р Софија Милорадовиќ, директорка на Институтот за српски јазик при САНУ.

Иранската влада свика итен состанок по смртта на Раиси

Иранската влада за денеска свика итен состанок по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Според фотографијата што ја објави агенцијата, столицата на која обично седи Раиси е празна и покриена со црна лента во спомен на претседателот.

Иранските државни медиуми емитуваат исламска молитва меѓу извештаите за смртта на Раиси и уште осум други лица откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан.

На профилот на Раиси на Х се објавени стихови од Куранот.

„Мир со Ебрахим. Навистина, така ги наградуваме оние што прават добро. Тој беше еден од нашите верни слуги“, се вели во стиховите од Куранот на профилот на Раиси.

Раиси беше втората најмоќна фигура во политичката структура на Иран по врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

притисни ентер