30 лекари од болницата во Козле до владата и министерот бараат разрешување на директорката

30 доктори од Клиниката за респираторни заболувања „Козле“ со писмо адресирано до владата, министерот за здравство Таравари и националниот координатор за здравство го образложија нивното незадоволство од работата на директорката.

30 доктори од Клиниката за респираторни заболувања „Козле“ со писмо адресирано до владата, министерот за здравство Таравари и националниот координатор за здравство го образложија нивното незадоволство од работата на директорката на болницата Каролина Симоновска како менаџер на болницата. Тие бараат нејзино разрешување. Во писмото објаснуваат дека има кадровско лошо менаџирање и дека нема тим за изведување на бронхоскопиите. Докторите велат дека поради лошо менаџирање и недоразбирање врвни доктори за бронхоскопија си заминале од болницата. Истоа така и дека директорката им заканувала и со отказ на ОРЛ специјалисти кои обивале да работат бронхоскопија со недоволно едуциран кадар. Тоа било причини, ако дојде дете со сомнение дека има вдишано туѓо тело, решението е да се испрати детето на клиниката за ОРЛ.

- Со ова лошо менаџирање, директорката постигна од извршени 67 бронхоскопии во 2023 година, преку 40 бронхоскопии извршени од Јануари до Јуни 2024 година. А во втората половина од 2024 година од како таа е директор има само 3 бронхоскопии, целосно да снема витален оддел на клиниката.

Освен професионално што биле деградирани, вработените велат дека кога влегувале кај директорката во канцеларија таа им ги земала мобилните телефони. Канал 5 во писмена порака од директорката доби одговор дека го демантира писмото од вработентие станувало збор за невистина и дека сето ова биле политичи игри против неа. И дека нејзниот ангажман било во доброто за децата и болницата. Во октомври во болницата беа потврдени низа системски, техничи и стручни недостатоци откако министерот формираше комисија за починато 14 месечно бебе кое претходно беше во болницата Козле, откако било вратено од клиниката за детски болести. Според комисијата било потврдено дека навреме не биле превземени мерки од болницата Козле поради тешкотии на детето со дишењето.

Таравари испрати порака до директорката Симоновска дека совеста кај неа ќе проработи, но директорката негираше одговорност за смртта на бебето. Засега нема одговор министерството за здравство какви чекори ќе се превземат за состојбата во Козле. Министерот Таравари пред два дена изјави дека ќе има промени на неколку директори во болници.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер