27 – годишен австралиски боксер почина среде тренинг, зад себе остави три ќерки

Не помина ниту еден месец откако американскиот боксер Патрик Деј почина како резултат на повреда на мозокот во натпревар со Чарлсон Конвел, светот на боксот е потресен од уште една трагедија.

27-годишниот Австралиец Двајт Ричи го загуби животот. Тој тренирал со својот спаринг партнер Мајкл Зераф во Мелбурн, а откако добил удар во стомакот, отишол во агол и починал.

Ричи доби 23 од вкупно 25 борби во кариерата, но неговите први четири последователни победи беа поништени затоа што бил малолетен. Тој беше австралиски и азиски шампион во суперлигашка категорија според верзијата на ИБФ, но по неговата последна борба пред три месеци ја загуби таа титула против Тим Чу, кој му зададе втор пораз во кариерата.

Тој се подготвувал да се бори против Томи Браун следниот месец.

Ричи остави зад себе три ќерки , а неговиот прв клуб, Team Ellis Boxing, започна кампања за собирање финансирање средства за да им помогнат на неговите деца.

Ричи беше Абориџин и вечеше дека боксот е заслужен за да води нормален живот надвор од криминалот, велејќи дека едно време сигурно ќе завршел во затвор ако не се посветил на спортот.

Иако истражувањата покажаа дека бројот на смртни случаи во боксот е во опаѓање и има поопасни спортови, многу е загрижувачки што Ричи е веќе петтиот боксер што го загуби животот од летото наваму.

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска полицијата преку објава на апликацијата Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот убиени се двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. Потоа по нив беше распишана потерница. /МИА

За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 286 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.

Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.

На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.

За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија. /МИА

притисни ентер