„Жан Моне": Парламентарните лидери со предлог нови правила за Собранието за неговиот нов состав

​Парламентарните лидери со предлог нови правила за Собранието за неговиот нов состав

Пратеничките партии постигнаа согласност за големо преуредување на Деловникот на Собранието. Тие се обврзаа да го поднесат текстот после изборите.

Третиот Жан Моне дијалог со Собранието се одржа во Скопје на 31 јануари и 1 февруари 2020 година. По дводневниот отворен и конструктивен дијалог, политичките групи и раководството на Собранието се договорија за измените кои ќе осигурат парламентот во својот нов состав да биде ефикасен, транспарентен и ефективен во реализирањето на аспирациите на граѓаните, вклучително и во унапредувањето на членството на земјата во ЕУ и интеграцијата во евроатланските институции.

Дијалогот беше копретседаван од нов тим на олеснувачи, г. Шидер и г-ѓа Валсман, кои се претседател и потпретседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, како и постојаниот известувач за Македонија на Комитетот за надворешни работи, г. Кјучук. Во заедничко соопштение по настанот тие изјавија:

Политичкиот дијалог е суштината на современата парламентарна демократија и денешниот договор го сфаќаме како дел од поширокиот политички консензус за европската иднина на земјата, изразен од политичките лидери по разочарувачкиот октомвриски Европски совет. Среќни сме што вчерашниот консензус беше потврден од сите политички лидери. Политичките партии повторно ја покажаа својата решеност да осигурат Собранието да се истакне како регионален лидер во парламентарните реформи и прифаќањето на европската култура на градење на консензус преку дијалог и компромис.

Дијалогот Жан Моне обезбеди платформа што ги зближи политичките партии во време на предизвик на патот на Македонија кон ЕУ. Очекуваме изборите да бидат спроведени во согласност со највисоките национални и меѓународни стандарди. Успехот на Собранието во помагањето да се сочува клучниот консензус за реформите поврзани со ЕУ преку дијалог е непроценливо демократско достигнување. Сега сметаме на заложбата на политичките групи да го достават новиот Деловник по изборите. Реформираните правила ќе му овозможат на новиот состав на Собранието веднаш да се фокусира на својата клучна работа.

Претседателот Џафери, кој копретседаваше со Жан Моне дијалогот заедно со тројцата европратеници, изјави:

Жан Моне дијалогот го гледам како инвентивна алатка која доследно даваше резултати во текот на целиот мандат на актуелниот законодавен состав. Тој беше клучен во негувањето на консензусот околу новиот Етички кодекс, клучните амандмани на Деловникот и зајакнувањето на институционалната независност на Собранието, каде неодамна направивме важен исчекор со усвојувањето на амандманите на Законот за собрание.

Процесот на Жан Моне дијалогот е доказ за практичната вредност на дијалогот и градењето на консензус при осврнувањето кон клучните национални приоритети. Сметам дека со нашиот договор, денес поставуваме еден непроценлив пример за соработка во пресрет на претстојните избори.

Гледано надвор од изборите, дијалогот Жан Моне има потенцијал да придонесе за други клучни теми, вклучувајќи ја и независноста на Собранието. Процесот на преговори за ЕУ, откако ќе започне, ќе донесе нови можности и предизвици, а Жан Моне дијалогот може да има клучна улога во зајакнувањето на Собранието да заземе водечка улога.

Исто така, среќен сум што се потпираме на една многу широка институционална поддршка од ЕП. Тројцата нови копретседавачи се претставници на трите главни политички семејства во Европскиот парламент – Европската народна партија (EPP), Социјалисти и демократи (S&D) и Обнова на Европа (Renew Europe). Тие исто така ја водат Македонија во двете најголеми тела на ЕП за надворешна политика – Комитетот за надворешни работи и Делегацијата за земјата.

Кабинет на претседателот на Собранието на Република Македонија

Гордана Сиљановска- Давкова на трибината на тема "Жени"

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

Таа истакна : Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци.

Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат.

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија.

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија, развојот на билатералните економски и трговски односи и се надеваме, за успех на мировните напори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан, Сијарто рече дека Си Џинпинг, кој предводи голема делегација ќе посети само две земји-членки на ЕУ: Унгарија и Франција, пренесе МТИ.

Една од главните теми на разговорите меѓу претседателите на двете земји ќе биде натамошниот развој на билатералната економска соработка, рече Сијарто, наведувајќи дека Кина во Унгарија донела најмногу странски директни инвестиции во 2020 и 2023 година.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

притисни ентер