„Време е за прва жена во НБА лигата”

Пред десет години првиот човек на НБА лигата, Дејвид Стерн предвиде дека во наредното десетлетие жените би можеле да заиграт во НБА лигата.

Неговата прогноза не се исполни, но затоа има кандидатки. Поранешната ѕвезда на женската НБА кошарка, Линдзи Хардинг, денеска е една од шесте жени кои работат како помошници тренери во НБА лигата.

„Зошто да не? Има неколку врвни кошаркарки. На пример, Диана Таураси. Сите ја знаат како најдобра кошаркарка во историјата. Шутира подобро од кого било, дали е маж или жена во НБА. Би сакала да проба. Не велам дека е врвна одбранбена кошаркарка, но поради начинот на кој се движи, лесно би доаѓала до слободни фрлања.”

Таураси е најдобрата американска кошаркарка, која има освоено четири олимписки и три светски злата. Има 36 години и следната година ќе игра во 15 сезона на женската НБА.

Сепак, се поставува проблемот на силата и тежината на женските и машките играчи. До сега имало три обиди за жени да играат во машката НБА лига и тоа во шеесетите, седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век.

Последен пат Пејсерси во 1980 се обиделе во тимот да ја донесат Ен Мајерс, но таа стигнала само до пробните натпрервари.

Четиримесечно бебе е најдено мртво во хотел во Тексас- родителите го заборавиле во фиока

Татко и мајка на четиримесечно бебе кое било пронајдено мртво откако го оставиле да спие во фиока се уапсени во Хјустон, но се уште не се обвинети.

Полицијата соопшти дека бебето Бруклин било ставено во фиока да спие додека нејзините родители престојувале во хотел во Тексас. Но, додека го пронашле бебето, таа била „мртва веќе некое време“, пренесува Мирор.

Шерифот Ед Гонзалес рече дека причината за смртта на бебето допрва треба да се утврди и ќе поминат неколку недели пред да се изврши обдукцијата. Сепак, тој вели дека смртта на бебето е сомнителна.

Полицијата соопшти дека на телото на бебето немало траги на траума.Малата Бруклин била во хотелот со родителите и двегодишниот брат.

Полицајците рекоа дека бебето немало креветче и дека спиело во фиока.Родителите се уапсени и се во притвор, но досега не се обвинети.

Инспекторите рекоа дека таткото на малото девојче ќе биде приведен поради неколку налози за активно насилно злосторство што ги имал надвор од округот Полк.

Пеколно жешко во Индија- Во Њу Делхи се измерени рекордни 52,3 степени

Рекордна температура од 52,3 степени Целзиусови е забележана денеска во Њу Делхи, главниот град на Индија, каде властите ги предупредија жителите на недостиг на вода.

Оваа рекордна температура е забележана во попладневните часови по локално време во предградието Мангеспур во Њу Делхи, од страна на Индискиот метеоролошки оддел, кој зборува за „силни топлотни бранови“.

Индискиот метеоролошки оддел вчера забележа рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови во Њу Делхи. Властите на градот со околу 30 милиони жители за денеска издадоа „црвено здравствено предупредување“, бидејќи претходниот ден беа забележани несоодветни температури. Тие предупредија на „многу голема можност за болести поврзани со топлина и топлотен удар за сите возрасни групи“ и ги повикаа граѓаните да бидат „особено внимателни“ кон здравствените ранливи лица.

Топлотниот бран во централна и северозападна Индија се очекува „постепено да стивне“ од утре, четврток, соопшти индискиот метеоролошки оддел. Во мај 2022 година, во некои делови на главниот град е забележана температура од 49,2 степени Целзиусови. Многу високи температури се вообичаени во Индија во текот на летото, но климатските промени ќе донесат подолги, почести и поинтензивни топлотни бранови, велат научниците.

На улиците на Делхи денеска, жителите изгледаа истоштено додека се справија со ситуацијата бидејќи не можеа ништо да направат за да се спасат од жештините.

„Сите сакаат да останат внатре“, вели Руп Рам, 57-годишен продавач на грицки, велејќи дека се мачи да ги продаде своите солени крофни. Рам, кој живее со сопругата и двата сина во мала куќа, вели дека неговиот мал вентилатор навистина не го лади просторот и дека чека да пристигне сезоната на дождови во јули.

„Не знам што друго можеме да направиме“, вели Рани, 60-годишна жена која секое утро патува два часа со автобус за да им продаде накит на туристите.

„Дефинитивно е многу потопло, но ништо не можеме да направиме“, рече таа, пиејќи вода од шишето што го донесе со себе.

Властите во Њу Делхи предупредија на ризикот од недостиг на вода. Во некои области веќе се забележани прекини на водоснабдувањето. Министерот за вода Атиси Марлена апелираше за „колективна одговорност“ на градот да престане да троши вода, објави денеска Тајмс оф Индија.

Невеста добила порака од шефот на денот на венчавката - сѐ било уништено со 4 збора (ВИДЕО)

Млада Британка во „The Ben Askins Show“ откри необична приказна што ги шокирала водителот и гледачите.

Таа објасни како пораката на нејзиниот работодавец во WhatsApp „го уништила најубавиот ден во нејзиниот живот“, кој го организирала заедно со младоженецот на Кипар.

Девојката уживала на свадбениот дочек со својот сакан, семејството и гостите кога добила порака од шефот, пренесува NDTV.

„Сите во друштвото знаеја дека се мажам и дека сме отпатувале. Шефот ја започнал пораката со зборовите: „Се надевам дека свадбата помина добро и вие сте добро“. Не се посомневав во ништо, па продолжив да читам“, објаснила таа.

Потоа следеше шокантен пресврт, а шефот напишал: „Само сакав да ти кажам дека си отпуштена. На вашата лична адреса е испратена е-пошта со сите детали. Навистина ми е жал и ти посакувам сѐ најдобро во понатамошната кариера“.

Девојката објаснила дека не го држела телефонот за време на церемонијата, а кога подоцна сакала да ги погледне пораките, очекувала честитки.

„Прво забележав дека сум избркана од сите компаниски групи. Не разбрав што се случува. Тогаш ја видов пораката на шефот. Моите пријатели седеа до мене додека се тресев“, откри таа во емисијата.

Во официјалниот мејл било наведено дека „не ги оправдала очекувањата“, но девојката тврди дека никогаш не добила приговори за нејзината работа.

„Пред извесно време вработија едно лице и гледајќи наназад, мислам дека тоа беше мојата замена цело време“, рече таа.

притисни ентер