Во болница во Кина се разболеле 130 од 500 здравствени работници

Епидемијата од корона вирусот и понатаму се шири . Локалните медиуми од Кина јавија дека во една болница се разболеле 130 од 500 здравствени работници. 

Бројот на жртви од новиот коронавирус се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број.

Со КОВИД-19 се заразени вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот, а меѓу болните во Кина има се повеќе здравствени работници кои се грижеле за болните.

Локалните медиуми јавија дека во една болница се разболеле 130 од 500 здравствени работници.

Засега најмногу болни има во Кина, со три смртни случаи пријавени надвор од земјата, од кој последната е 80-годишна жена во Јапонија.

Наглото зголемување на бројот на нови пациенти со коронавирус вчера беше последица од ревизијата на критериумите за дијагностицирање, бидејќи претходно како потврдени случаи се сметаа само пациенти чии резултати од тестови биле позитивни на КОВИД-19.

Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија

„Мораме јасно да ставиме до знаење дека никогаш не смееме да трпиме такви акти на насилство“, рече Шолц на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Берлин.

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди синоќа нападот во кој беше претепан европратеник од неговата германска Социјалдемократска партија и изрази загриженост дека ваквите акти на насилство се зголемуваат и „се закана“ за демократијата во земјата.

„Мораме јасно да ставиме до знаење дека никогаш не смееме да трпиме такви акти на насилство“, рече Шолц на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Берлин.

Тој предупреди дека „демократијата е загрозена од таквите постапки“.

На конгресот во Берлин, партијата објави во декларација дека гласачите може да сметаат на европските социјалисти дека ќе се спротивстават на крајната десница.

„Никогаш нема да соработуваме, ниту да коалицираме со екстремната десница“ – ова е цврстото ветување на гласачите што левичарските политички лидери денеска го дадоа во декларацијата што ја усвоија во германската престолнина.

На Денот на македонскиот јазик велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јаазик

На Денот на македонскиот јазик со гордост велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јазик

Со многу посветеност, труд и ентузијазам СДСМ ги исполни заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик.

На Денот на македонскиот јазик сите со гордост велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јазик.

Сонот и аманетот на Блаже Конески се исполнети, владата предводена од СДСМ успеа да се избори за македонски јазик признат и потврден од сите.

Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Македонскиот јазик во ЕУ, признат и потврден, еднаш, засекогаш.

Направивме историски исчекор, со сите 27 членки го потпишавме првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки.

Службите на ЕУ вработуваат преведувачи за македонски јазик.

Со Законот за употребата на македонскиот јазик, СДСМ направи вистински потфат во унапредувањето на јазикот.

Од овој Закон произлегуваат многу важни иницијативи, меѓу кои и стипендирање ученици од четврта година средно образование и на додипломски, магистерски и докторски студии, со што се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик.

Се отвораат нови работни места за лектори во институциите. Се преземаат конкретни и суштински чекори за македонскиот јазик, за негова заштита.

На предлог на СДСМ денешниот ден е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

СДСМ чувајќи го македонскиот јазик, како наша посебност, како наша татковина, ја зајакнува државноста и темелот на македонскиот идентитет.

Скопје, 05.05.2024

СДСМ

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден, на сите верници.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна.

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

Христос Воскресе! За многу години Велигден!

Со почит,

Христијан Мицкоски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер