Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи

17 луѓе, меѓу кои најголем дел малолетници, се уапсени во последните два дена за инцидентите кои настанаа за време и по прославата на Денот на албанското знаме, информираше министерот за внатрешни Панче Тошковски.

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени двајца малолетници кои му помагале на лицето кое го кинеше македонското знаме, а двајца за симнувањето од јарбол и палењето на државното знаме. Во Прилеп, пак, уапсени се тројца кои го сквернавеле албанското знаме. Приведен е и 17 годишник, за кој МВР објави и снимка, како го ги корне симболите на Конзулатот на Република Србија во Куманово. Тошковски информираше и дека ОВР Кичево постапило по лице кое од јарбол ги симнал и македонското и албанското знаме. Првиот човек на полицијата упати апел до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации и да не дозволат да се нарушува јавниот ред и мир.

„ МВР одлучно и жестоко ќе одговори како што и одговара. Времето на зимски сон на инстутциите заврши, 17 луѓе уапсивме за овие два дена и ќе продолжиме нема да застанеме, за секој еден кој има докази да сквернави државен симбол без разлика дали се симбол на Македонија Србија, Албанија, Грција секој еден кој ќе се огреши ќе одговара. Апелирам замолувам да го почтиуваме законот да се почитуваме едни со други да работиме во интерес на нашата татковина.“ - кажа министерот.

Прашан дали од полицијата имала претходни информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека такви индиции од АНБ немало, но рече предупредувања за можни ескалации имало од други безбедносни институции. Според министерот полицијата за време на инцидентите реагирала професионално навремено и зрело.

„ Во однос на овие два дена информации се добиени дека не се очекува да нема никакви немири и несекани работи, во однос на првиот ден значаен за нашите сограѓани се покажаа за точни информациите за вториот се покажаа неточни. Оваа информација е добиена од АНБ додека беше менаџирана од страна на претходното раководство. Но дали бевме предупредени од страна на сите инстѕуции кои се занимаваат со прашања со бгезбедноста, да бевме предупредени дека е можно да има немили настани во ткеот на изминатата недела и сметам дека и повторно ќе повторам полицијата како превентивно така и репресивно максимално професионално и одлучно одговори “ – изјави минситерот.

Тошковски дополнително рече дека ќе бара казни и за лицето кое го вози автомобилот од кој испаднаа неколкумина за време на прославата на албанското знаме, а посочи и дека ја видел снимката каде полицаец симнува албанско знаме од бандера и кажа дека во моментот на снимањето, полицаецот вршел службени работни задачи, односно бил на работа поради што МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности. Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.

Тешка кражба од куќа во Карпош, приведен 42-годишник од Косово

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во вторникот (24 декември) во 11.40 часот на подрачјето на општина Карпош  го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување тешка кражба.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во вторникот (24 декември) во 11.40 часот на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување тешка кражба од куќа.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети и при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин.

-Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.

Видео-Фото: Парис Хилтон гола за Божиќ

Богатата наследничка Парис Хилтон  одлучила оваа година да го прослави Божиќ на малку поинаков начин.

43 годишната Парис, всушност, позирала пред елката како од мајка родена, а интимните делови ги криела само огромен црвен лак. Парис уживаше во божиќниот дух во нејзиниот замок во Сливингтон Манор, кој го купи во 2020 година.

Во огромните соби на вилата претходно се пофалила со големи плакари само за чевли, а тука е и Клуб Париз, нејзиниот личен домашен ноќен клуб.

Парис, која има 66 милиони следбеници на социјалните мрежи, му се заблагодари на фотографот Брајан Зиф што ги направи „нејзините најболни фотографии“ и очигледно го сакаше целото снимање - како и нејзините обожаватели.

„Моето присуство е вистински подарок“, заклучила Парис во описот на својата објава, а многумина се согласиле со неа.

Претседателката Сиљановска-Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за одликувања

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.

Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и Весна Петрушевска.

-Комисијата за одликувања и признанија ја сочинуваат поединци кои во текот на својата професионална кариера имаат остварено значајни постигнувања и стекнато висока репутација во македонското општество. Тие се признати експерти, кои со своите трудови и постигнувања се истакнале во различни области на општествениот живот, како што се науката, културата, уметноста, образованието, здравството, спортот, соопшти претседателскиот Кабинет.

притисни ентер