„Танец“ настапи на фестивал во Рига

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ синоќа настапи во „Мега паркот“ во Рига, во рамки на Фестивалот на летната долгоденица, еден од најзначајните настани што се реализираат во рамки на манифестацијата „Европска престолнина на културата“.

Амбасадорот на нашата држава и презентер на непроценливото македонско фолклорно богатство се претстави со народните ора „Тешкото“, „Малешевка“, „Драчевка“, „Лазаренка“, „Шопска“, познатите македонски вокални сплетови, како и со рачно изработените народни носии кои ги отсликуваат македонската традиција и македонските обичаи.

- Настапот на „Танец“ во рамки на Европската престолнина на културата е особено значајно важна мисија чија цел е славење на заедничкото културно наследство. Затоа особено сум горд што публиката заедно со ансамблот уживаше во добро познатиот македонски ритам, доживувајќи ја нашата традиција како нешто ново, што ги чини задоволни и љубопитни да дознаат повеќе за македонската култура, изјави директорот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ Зоран Џорлев по настапот.

На фестивалот, кој директно беше пренесуван на Летонската национална телевизија, покрај „Танец“ настапија и музичари, танцови групи и уметници од Индија, Германија, Естонија, Романија, Грузија и Колумбија.

Со поддршка на Министерството за култура во Рига во јули во рамки на Светската хорска олимпијада „Рига 2014“ ќе настапи и женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“.

- Учеството на Република Македонија на оваа значајна културна манифестација ќе придонесе за афирмација на македонската култура и на културните вредности, како и за продлабочување на соработката во областа на културата и уметноста со Летонија, што е во функција на приближување на народите и државите и нивно запознавање со меѓусебната култура и традиција, информира Министерството за култура.

Република Македонија почна со презентација на своето богато културно наследство и современо творештво уште во 2010 година, од кога македонската култура и традиција беше претставена во Истанбул, Талин, Марибор и во Марсеј-минатогодишната престолнина на културата. /МИА

Италија им забрани на хуманитарните организации да ги користат аеродромите до мигрантските рути

Италија вчера соопшти дека авионите што ги користат добротворните невладини организации (НВО) за следење на бродовите со мигранти во неволја повеќе нема да можат да летаат од аеродромите на островите Сицилија, Пантелерија и Лампедуза.

Одлуката, објавена од италијанската управа за цивилно воздухопловство (ENAC), ќе им отежне на невладините групи, како што е Sea Watch, да ги користат нивните мали авиони за да бараат бродови на кои им треба спасување во централниот дел на Медитеранот.

„Ова е чин на кукавичлук и цинизам од страна на оние кои ги криминализираат невладините организации за политичка пропаганда“, се вели во објавата на Sea Watch на X, додавајќи дека сè уште планираат да летаат за да им помогнат на мигрантите на кои им е потребно.

Во писмената одлука, ENAC рече дека авионите се „неоправдани“, претставуваат товар за официјалните спасувачки тимови и ризикуваат да ја загрозат безбедноста на мигрантите без документи.

Флавио ди Џакомо, портпарол на Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), рече дека италијанската одлука „може да ги попречи напорите за спасување животи“.

Набљудувачките авиони на невладините организации редовно наоѓаат бродови во неволја и ги наведуваат спасувачите до нивната локација.

„Си воч“ соопшти дека целта на одлуката е да го спречи светот да види што се случува.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја презеде функцијата во 2022 година, ветувајќи дека ќе се бори против мигрантите од Африка.

Владата вели дека нејзините мерки функционираат и затоа ги намалуваат давениците за време на опасниот премин. Досега оваа година, 17.666 мигранти стигнале до Италија со брод во споредба со 44.739 во истиот период во 2023 година, според официјалните податоци.

ДИК: Силјановска Давкова 128.185, Пендаровски 62.726

Првични резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 33,10% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 62,34% од гласовите или 128.185 гласови. Стево Пендаровски освоил 62.726 гласови или 30,50%.

притисни ентер