„Свадбата" – премиера на Велешкиот театар

На малата сцена на Велешкиот театар утревечер премиерно ќе биде изведена комичната претстава „Свадбата".

По текстови од американскиот автор Алан Бол и бугарскиот Антон Страшимиров, драматуршки адаптирани од Катерина Момева и во режија на Софија Ристевска-Петрушева.

Режисерката денеска на прес-конференција рече дека се работи за компилација од неколку текстови и дека свадбата, според текстот на Бол, се третира како социјален момент со интимни приказни на ликовите што, според неа, е поемоционален поглед на феноменот свадба. Во првиот дел актерите не играат на сцена, туку во други простории во театарот, а нивната игра зад сцената публиката ќе ја гледа преку директен пренос.

Вториот дел, по текст на Страшимиров, е гротескен и на комичен начин ги разработува семејните врски кои, како што рече режисерката, на Балканот се многу силно потенцирани, особено односите меѓу свекрвата и снаата и синот. На крајот актерите раскажуваат приказни од нивниот личен живот, односно ќе понудат мешавина на различни погледи кон темата свадба и брак.

-Во овој век на либерален капитализам, каде што финансиите масовно го опеделуваат нашето секојдневие, човечките животи и индивидуалните приказни се најважното средство за борба против суровата и неповратна глобализација. Свадбата е рингот на бескрајните човечки страсти, рече Ристевска-Петрушева за новата премиера која е втора на Велешкиот театар во 2019 година.

Актерката Весна Димитрова-Бобевски рече дека во претставата игра две спротивни улоги – во првиот дел лик на пристојна девојка која живее според Библијата, а во вториот – посесивна свекрва, за која рече дека е мошне слоевита улога. Покрај Димитрова-Бобевски, играат уште тројца актери на Велешкиот театар – Јордан Витанов, Слободанка Чичевска и Славица Манаскова.

Текстовите ги преведе Катерина Марковска, автор на сценографијата е Филип Коруновски, костимограф е Катерина Чукниева, кореограф Кире Миладиновски, за музиката е задолжен Сашко Костов, а за видеото и фотоматеријалот – Крсте Шупев.

Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие .

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

- На 2 мај, во куќа на улицата ,,Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определил притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението.

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.

-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.

На овој Велигден, се нагласува во честитката, да ги искористиме празничните моменти и да споделиме радост и среќа во семејството, помеѓу нашите најблиски, пријателите, познаниците, но и сите оние на кои им е потребна помош и поддршка.

-Да споделуваме, да пружиме рака, да шириме добра мисла и љубов и да му се радуваме на животот. Велигден, како празник на надежта, нека донесе благосостојба и сплотеност во нашите срца за сите, независно на која вероисповед припаѓаат. Заедно да посакаме подобар свет, повеќе емпатија и разбирање, свет без конфликти, со тенденција сите недоразбирања да се решаваат со дијалог и компромис, стои во честитката од претседателот на Собранието Митрески до поглаварот г.г. Стефан и до православните верници.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

притисни ентер