Судскиот совет покрена постапка за Владимир Панчевски

Судскиот совет започнува постапка за да утврди дали судијата Владимир Панчевски, додека бил претседател на Кривичниот суд местел судски предмети.

Постапката е тајна па затоа советот не потврдува против кого се води и чија била иницијативата, но потврдуваат дека треба да се утврдува одговорноста на еден судија. Ако се утврди дека барањето да се утврдува одговорност на судијата е основано, ќе се формира комисија на известители.

Според извештајот на независната комисија на министерството за правда, системот АКМИС, бил злоупотребуван, па предметите се делеле на рака. Злоупотреби на системот беа констатирани и во Врховниот суд.

Фестивал на уникатни домашни производи викендов во Скопје

Под мотото „Вкус и традиција“, од 17 до 19 мај во Diamond Mall ќе се одржи Фестивал на македонски домашни производи.

Изложувачи на Фестивалот ќе бидат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.

Како што најавуваат организаторите, посетителите ќе можат да вкусат и да набават домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници.

Продолжуваат протестите на специјализантите, незадоволни се од платите

Продолжуваат протестите на специјализантите, незадоволни се од платите и од нерегулираниот работен однос.

Изборите завршија,а проблемите на младите приватни специјализанти останаа да ги решава идната влада.Тие продолжија со протестот секој вторник пред интерните клиники. Незадоволни се од платите, од нерегулираниот работен однос, а најмногу се огорчени што немаат здравствено осигурување.

Протестот го следи Јорданчо Цветановски .

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Висок американски функционер се сомнева во можноста за „тотална победа“ на Израел во Газа

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се сомнева во можноста Израел да постигне „тотална победа“ над палестинскиот Хамас во Појасот Газа, изјави заменик државниот секретар Курт Кембел, пренесоа денеска израелските медиуми.

Иако американските власти апелираа до Израел да помогне во подготовката на јасен план за повоено владеење со Газа, изјавата на Кембел е досега најјасното признание од висок американски функционер дека сегашната воена стратегија на Израел нема да ги даде резултатите што ги бара.

-Во некои аспекти, ние се бориме околу тоа што е теоријата на победата. Понекогаш кога внимателно ги слушаме израелските лидери, тие најмногу зборуваат за идејата за голема победа на бојното поле, целосна победа, рече Кембел на Младинскиот самит на НАТО во Мајами.

-Мислам дека тоа не е веројатно, ниту можно, така што изгледа како ситуациите во кои се најдовме по 9 септември, кога по раселувањето на цивилното население и многу насилство, бунтовите продолжија, рече заменик-државниот секретар на САД.

притисни ентер