Спасовски: Санацијата и реконструкцијата на колекторот ќе биде завршена во предвидениот рок и уште ова лето Охридското Езеро ќе има чиста вода за капење

Работите за санација и реконструкција на колекторскиот систем долж крајбрежјето на Охридското Езеро што започнаа во декември минатата година се одвиваат според планот, се наведува во соопштението од Владата. 

Работите за санација и реконструкција на колекторскиот систем долж крајбрежјето на Охридското Езеро што започнаа во декември минатата година се одвиваат според планот и уште ова лето езерото ќе има чиста и безбедна вода за капење, констатирано е на увидот во напредокот на работите на чистење и реконструкција на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, што денеска го направија претседателот на Владата ,Оливер Спасовски, заедно со министерот без ресор Едмонд Адеми, кој е задолжен за координација на активностите за исполнување на обврските што произлегуваат од препораките на УНЕСКО за заштитеното подрачје на охридскиот регион, и со директорот на Јавното претпријатие Колекторски систем Владимир Алексијоски.

Работите за санација и реконструкција на колекторскиот систем започнаа на потегот од тунелот на патот Охрид - Пештани, кај Свети Стефан до Биљанини Извори, и во должина од повеќе од 2 километри цевките на колекторот се исчистени од корења, градежен шут и друг талог. На овој потег дури за 80 отсто беше намалена функцијата на колекторскиот систем, и затоа на местата каде што цевките беа скршени или сериозно оштетени се пристапи кон санација според системот „цевка во цевка" и со тоа се обезбеди нормален, целосен проток на водите за прочистување.

„За системот за прочистување на отпадните води во Охридското Езеро не се водеше грижа со години наназад и тој беше уништен. Несеопфатната реализација и негрижата за одржувањето на колекторскиот систем создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување. Во наредните 5 месеци, ќе го поправиме тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување. За оваа намена се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот на граѓаните на нашата земја", истакна во изјавата за медиумите премиерот Спасовски, кој увидот во работите за санација на колекторскиот систем го направи како дел од агендата на 7-мата седница на Владата која денеска се одржува во Охрид.

Во активностите до крајот на овој месец се вклучени работите на санацијата на делниците од Лагадин кон Пештани, како и од населбата Далјан до Подмоље. Веднаш потоа ќе стартуваат и работите по целата останата должина на колекторот долж охридско-струшкиот брег.

Паралелно со овие реконструкциски и санациски работи се сервисираат и редукторите на пумпите на пречистителните станици за обезбедување на целосната функција на колекторскиот систем.

„Охридското езеро и заштитеното подрачје опфатено со УНЕСКО се наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем. Нашата намера е да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите природни и културни вредности, и тоа оваа Влада ќе го докаже", нагласи претседателот на Владата ,Оливер Спасовски.

Министерот без ресор Едмонд Адеми, кој е задолжен за координација на активностите за исполнување на обврските што произлегуваат од препораките на УНЕСКО за заштитеното подрачје на охридскиот регион, и директорот на Јавното претпријатие Колекторски систем Владимир Алексијоски во изјавите за медиумите потенцираа дека ќе бидат преземени сите претходно утврдени активности предвидени во Планот за управување со заштитеното подрачје на Охридското Езеро, меѓу кои е и санацијата и реконструкцијата на колекторскиот систем.

Дневен хороскоп за 19. мај 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 19. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите.

Кариера

Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така.

Здравје и совет

Не се расправајте , туку соработувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност.

Кариера

Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво.

Кариера

Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо.

Здравје и совет

Се чувствувате се подобро.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи.

Здравје и совет

Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен.

Кариера

Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете.

Здравје и совет

Емотивно незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги.

Кариера

Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите.

Здравје и совет

Не анализирајте ги своите заслуги.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми.

Кариера

Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате.

Здравје и совет

Мали проблеми со циркулацијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни.

Кариера

Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа.

Здравје и совет

Подобрување во секој поглед.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега.

Кариера

Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е.

Здравје и совет

Може да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината.

Здравје и совет

Не ја трошете одеднаш целата енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате.

Кариера

Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите.

Здравје и совет

Дотерајте се и излезете некаде.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет.

Кариера

Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни.

Здравје и совет

Многу работи ќе ви изгледаат здодевни.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

притисни ентер