„Само Вистина“ вечерва со Тони Науновски и Агим Јонуз

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Тони Науновски и Агим Јонуз.

Почитувани гледачи, на власта или на опозицијата, чија „мелодија“ ќе биде поверодостојна, да ги убеди граѓаните да се „прошетаат“ до избирачките места, вечерва во „Само Вистина“ копјата ќе ги кршат Тони Науновски и Агим Јонуз.

Законот за ЈО се донесе, вистината за „Рекет“ се чини ќе ја чека новата влада, но опозициските „бомби“ побрзаа. Дали власта го доби својот „камен“ по глава или некој „лепи, сече и монтира“ од Будимпешта?

Пасоши нема, нема ниту одговорност, а кој ќе го плати „цехот“ од недостаток на документи на граѓаните?

„Една држава“ или „едно општество“ за сите, каков ќе биде предизборниот кетеринг?

ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, кој има поголем коалициски потенцијал, а кој знае подобро да се „пазари“ со „политичките невести“ од албанскиот блок?

Науновски побара поранешниот премиер да се уапси за велепредавство, Јонуз е на став дека сите ги добиле желбите на „хартија“, недостасува само имплементација.

Мини шенген, полни очи или полни раце, што ќе ги наполни празните стомаци на граѓаните?

Пресуди или политички договори, како со македонски менталитет да излеземе од магичниот круг на неправдата?

Партиите со предизборни калкулации, граѓаните со неисполнети ветувања, а кој вечерва ќе ја зборува вистината и за тоа какво ќе биде македонското пролетно „реално шоу“, на местото каде се говори само и „Само Вистина“ со Тони Науновски и Агим Јонуз, каде ако не, на Канал 5 Телевизија.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

притисни ентер