„Само Вистина“ вечерва со Дане Талески и Тимчо Муцунски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Дане Талески и Тимчо Муцунски.

Почитувани дами и господа, нема повистинско време од денеска за да не продолжиме таму каде што застанавме вчера, во потрага по нашата и ваша вистина. Вечерва заедно со нашите гости, советникот на премиерот Дане Талески и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Не беше расположен за средба со Заев ама го нагости Пендаровски во Париз. Што го предомисли францускиот претседател? Дали ќе победат македонските аргументи или француското вето? Може ли Пендаровски да го разубеди Макрон? Доктори на науки никнат како печурки после дожд а квалификувани работници нема ниту за лек.

Владата сака да инвестира во човечки капитал а луѓе во државата се’ помалку. На чии сметки ќе завршат четири милијарди евра од буџетот? Власта се фали со отвореност кон граѓаните а недовербата во поделбата на тендерите остана. Кога граѓаните ќе кажат „не“ на расипничкото трошење на парите од нивниот џеб?

Наместо кафеани и згради во скопски Центар ќе никне зеленило. Кисела Вода и Аеродром неќат да чујат за трева во нивното маало. Зошто Богдановиќ може а Темелковски и Марин не сакаат? Додека Тетово урива рекорди по загаденост, власта брка новинари од јавна дебата што со судбината на Шара, белите дробови на тетовчани. Во меѓувреме градоначалничката Арифи размислува за новата функција, амбасадорка во САД. Кој врв ќе ја вивне во височините а кој ќе ја спушти на земја? Оној на славна Шара или оној на уште пославниот Капитол Хил?

За вистината и височините, за парите или животот вечерва дебатираме само и ексклузивно на Канал 5. Во 18:30 со Дане Талески и Тимчо Муцунски во „Само вистина“.

До 9 часот во Дебар излезноста е 1,1 односно 1,5 отсто, во Центар Жупа 1,60 односно 1,61 отсто

Непречено се одвива изборниот процес од парламентарните и вториот круг од претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Јованка Јосифовска, потпретседателка на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас за претседателските избори го искористиле 216 гласачи или 1,1 отсто од вкупно 19.269 запишани во единствениот избрачки список. Во првиот круг гласале 283 лица или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Што се однесува до парламентарните избори гласале 299 лица или 1,5 отсто од 19.311 лица со право на глас.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот на претседателските избори гласале 118 лица или 1,60 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 119 или 1,61 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Во првиот круг од претседателските избори гласале 80 лица или 1,9 отсто.

И во двете општини, уште од почетокот на изборниот ден, избирачките места се посетени од претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР.

Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти

Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии.  

Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

- Согласно на законот, вчера ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска.

Во Росоман се гласа на десет избирачки места.

- За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.

Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

Израелски борбени авиони нападнаа воени постројки на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени објекти на либанскиот Хезболах.

На платформата „Икс“ беа објавени видеа и список на нападнатите области „Кфар Кила, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“.

Погодена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибејн“.

Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, по што почна војната во Газа.

притисни ентер