„Само Вистина“ вечерва со Бранко Героски и Зоран Димитровски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Бранко Героски и Зоран Димитровски.

Почитувани сограѓани, тие што своеволно седат дома и оние кои што мораат да бидат во самоизолација, вечерва во „Само Вистина“ гледајте го дуелот помеѓу новинарот Бранко Героски и неговиот некогашен колега и актуелен генерален секретар на Демократски Сојуз, Зоран Димитровски.

Дали затворените гранични премини, градинки, училишта и молови ќе не „натераат“ да седиме дома за да се спречи ширењето на коронавирусот?

Со инфекцијата „стивнаа“ судските процеси, дали можеби и правдата е инфицирана?

Можно ли е коронавирусот да ги одложи изборите?

Героски важеше за близок до СДСМ но со „Рекет“ јавноста ја виде и другата страна од „талантот“. Може ли да ни открие дали нешто или некој го спречи да објави нови детали за аферата?

Што го натера Димитровски да заплови во „политички“ води?

Возвишената цел бара и големи жртви, но колку секој од нас може навистина да ги „даде“ во име на вистината, вечерва во „Само Вистина“, со Бранко Героски и Зоран Димитровски, на Канал 5 Телевизија.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер