„Само Вистина“ со Солза Грчева и Маја Морачанин

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Солза Грчева и Маја Морачанин.

И Струга поднесе инвентар за дивоградби, ги има околу 3.300 на територија на општината, истакна вечерва во „Само вистина“, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, прашана за имплементацијата на препораките од УНЕСКО. Таа потврди дека за оние во Струга , како и за околу 1000 дивоградби во Охрид, треба да започне да се оценува колку и штетат на животната средина, но и на културното наследство, па потоа да се премине на рушење. Од друга страна, претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, нагласи дека зелените кај нас воопшто не се активни, особено што дозволиле енормно аерозагадување. Грчева обвини што властите воопшто го актуелизираат и Законот за легализација на дивоградби.

Судството е осудено да се справува со две фамилии, подвлече претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева во гостувањето во „Само вистина“. Според Грчева е жално каква разочараност кај граѓаните предизвикува сликата – специјална јавна обвинителка да се најде на обвинителната клупа, но додаде и дека „Рекет“ не е единствениот случај со кој се потврдувало дека сме мафијашка држава. За претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, корупцијата не прави сиромашни сите и е поразително што во јавноста е прифатено мислењето дека е потребно мито за да се заврши редовна административна услуга. Морачанин потенцира дека е неопходно да се провери имотот на судиите.

Добро е што се унапредуваат јазичните права на заедниците, но Законот за употреба на јазиците не може да се имплементира, нагласи пратеничката Маја Морачанин во вечерашното издание на „Само вистина“. Таа додаде дека е тешко спроведувањето на Законот во судството, но истакна и дека казните за неимплементирање се превисоки. Претседателката на „Глас за Македонија“, пак, Солза Грчева, вели дека Законот за употреба на јазиците е противуставен, како и дека на обичните граѓани Албанци не им е потребна двојазичност, туку подобро здравство и економија. Сепак Албанците нема да се откажат од веќе стекнато право, за разлика од Македонците, кои изгласаа уставни измени, заклучи Грчева.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер