Чешката полиција обвини 14 лица за шверц на луѓе од Турција

Чешката полиција соопшти дека обвинила 14 лица за шверц на најмалку 2.000 луѓе во Европа, главно од Турција од 2021 година.

Тие се во притвор и ќе се соочат со 16 години затвор доколку бидат осудени, изјави Јарослав Ибехеј, портпарол на одредот за организиран криминал, на веб-страницата на чешката полиција.

„Полицијата проценува дека групата заработила најмалку два милиони евра од нивните активности“, додаде тој.

Групата ги носела мигрантите во Чешка и други земји од Европската унија. Ибехеј рече дека полицијата запленила околу 40.000 долари во готовина, два автомобили и една куќа. /МИА

Руски физичар осуден на 14 години затвор поради предавство

Руски физичар Анатолиј Маслов, кој работеше на развој на суперсонични проектили, денеска од судот во Санкт Петербург е осуден 14 години затвор во казнена колонија за предавство.

Судењето се одвиваше зад затворени врати, а 77-годишниот Маслов изјави дека е невин. Неговата одбрана ги известила властите дека Маслов на почетокот на годината доживеал срцев удар и оти долгогодишната затворска казна за него ќе значи смртна казна.

Тој е еден од тројцата научници и експерти за хиперсонична брзина од Сибирскиот институт, кои се уапсени во 2022 година под обвинение за предавство.

Адвокатот Евгениј Смирнов изјави дека обвиненијата против тројцата научници од Институтот за теоретска и применета механика (ИТАМ) во Новосибирск се речиси исти, а тие се обвинети дека објавиле информации кои се сметаат за државна тајна на меѓународна конференција.

Според Смирнов пресуда против Маслов е прекршување на законот.

Во отвореното писмо колегите на тројцата научници од ИТАМ пишуваат дека податоците презентирани од научниците на меѓународни форуми биле постојано проверувани за да се осигури дека не содржат доверливи информации.

Тие исто така предупредија дека ваквите случаи имаат застрашувачки ефект врз младите руски научници.

- Сега најдобрите студенти ги одбиваат понудите да се приклучат на научната заедница и да дојдат да работа со нас, а нашите најдобри млади вработени ја напуштаат науката, се предупредува во писмото.

Фото: themoscowtimes

Студентите од Јејл ја напуштија церемонијата за доделување на дипломи поради војната во Газа

Некои носеа црвени латекс ракавици за да ги симболизираат раскрвавени раце.

Дипломци од Универзитетот Јеил ја напуштија церемонијата на доделување на дипломи во знак на протест поради израелската војна во Појасот Газа, финансиските врски на Универзитетот со производителите на оружје и одговорот на институцијата на пропалестинските демонстрации во кампусот.

Студентите почнаа да излегуваат откако претседателот на универзитетот Питер Саловеј го започна својот говор, носејќи плакати на кои пишуваше „Книги, а не бомби“, како и „Отфрлете ги обвиненијата“ и „Заштитете ја слободата на говорот“, алудираќи на 45-те уапсени студенти во полициската акција во кампусот минатиот месец.

Некои носеа црвени латекс ракавици за да ги симболизираат раскрвавени раце./МИА

притисни ентер