„Русија е како ранета мечка која напаѓа“

САД не треба да ја отфрлат можноста за руска воена интервенција во Венецуела, изјави адмиралот Крег Фолер во интервју за Гласот на Америка. 

Неодамна тој ја предводеше Заедничката команда на морнарицата на САД за регионот на Централна и Јужна Америка.

“Мислам дека сè може да се очекува од Русија, видовме што направиле во Сирија и мораме да бидеме подготвени .” – коментираше адмиралот.

Фаулер истакна дека САД сега се фокусираат на изнаоѓање политичко и дипломатско решение за венецуелската криза.

„Ние го презедовме она што се случува сега – за да го олесниме страдањето на луѓето”, рече офицерот, додавајќи дека американската војска не се меша во политиката.

„Што се однесува до долгорочното прашање на предавање, јас го оставам на политичарите и дипломатите, ќе бидеме подготвени да ги поддржиме кога ќе го побараме тоа”.

Според него, и трите латиноамерикански држави со недемократски режими – Венецуела, Куба и Никарагва – се предмет на интервенција од страна на Русија.

„Во нашата национална одбрана стратегија се посветува особено внимание на Русија и Кина … Иако ова се различни случаи. Кина е растечка економска сила која има законско право на свои бизнис интереси во светот … Истовремено, тие одбиваат да ги почитуваат правилата на играта. ” “вели адмиралот.

Тој ја спореди Русија со ранета мечка, која се бори со латиноамериканската демократија.

„Русија е всушност повредена, ослабена мечка што напаѓа”. – коментираше Крег Фолер.

Тој додаде дека Москва создаде структура во Никарагва, наречена центар за борба против криминалот и тероризмот, чија работа покренува чудни прашања.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер