Регулаторна: ЕВН е должна да изврши коригирање на фактурите за струја врз основа на самочитање

ЕВН е должен по добивање на податоците од потрошувачите да ги коригира нивните фактури за електрична енергија и притоа погрешно издадената фактура со повисока потрошувачка енергија да ја поништи и да изготви нова.

По бројните жалби од страна на граѓаните дека им пристигнале повисоки сметки за струја во месеците април и мај, на ЕВН и се заканува прекршочна, но и постапка за одземање на лиценцата, доколку не ги корегира фактурите кои им биле доставени на граѓаните, соопштија од Регулаторна комисија за енергетика.

Претседателот Марко Бислимовски ги повика сите оние кои сметаат дека платиле повеќе отколку што потрошиле да ги достават податоците од своите броила до ЕВН, преку вајбер, електронска пошта или пак на нивната апликација..

-ЕВН е должен по добивање на податоците од потрошувачите да ги коригира нивните фактури за електрична енергија и притоа погрешно издадената фактура со повисока потрошувачка енергија да ја поништи и да изготви нова, согласно реалната потрошувачка на енергијата. Доколку ЕВН не изврши коригирање на фактурите согласно самочитањето на корисниците, тие можат да побараат помош од РКЕ и ние ќе посредуваме при изготвување на новата сметка, изјави Марко Бислимовски РКЕ.

Тој додаде дека, оние кои не можат да ги прочитаат вредностите поради проблеми со неисчистено стакло и слично, на ПП образец да платат сметка за електрична енергија во износ колку што сметаат дека реално потрошиле, а ЕВН, не смее да ги исклучи.

По бројните реакции, од компанијата смируваа, велејќи дека нема да има оштетени корисници, и дека нема да биде наплатено повеќе од потрошеното, додавајќи дека ако се наплатени повеќе киловат часови, следната сметка ќе биде пониска.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер