„Посвети и пофалби“, нова стихозбирка од Иван Џепароски

„Посвети и пофалби“ е насловот на новата поетска книга на Иван Џепароски, издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје.

Стихозбирката е објавена во познатата едиција „Синтези“, со поговор на Кристина Николовска, под наслов „Со стих кон стихот“, информираат од „Дијалог“.

- Генералната оценка во толкувачкиот прилог е дека „Посвети и пофалби“ од Иван Џепароски е проект со впечатливи творечки и креативни достоинства, „поетско дело кое на стабилен и моќен начин покренува важни теми од нашата култура“, велат од „Дијалог“.

Во оваа смисла Николовска подвлекува: „Тоа е прекрасен поетов глас, искрен и интимен однос кон поезијата, кон филозофијата во поезијата, арс-поетиката и поетската херменефтика. Со ова дело македонската литература, добива извонредно остварување кое преку стих покренува, третира и толкува серија важни прашања од нашиот културен, научен и творечки амбиент.“

Иван Џепароски (1958) е поет, филозоф, естетичар, критичар, преведувач и антологичар. Автор е на четириесетина дела од областа на поезијата, на естетиката и културната теорија, како и составувач на поетски антологии и на книжевно-теориски и естетички избори.

За своето творештво добитник е на наградите „Млад борец“, „Димитар Митрев“, „Парадигма“, „Браќа Миладиновци“, „Книжевен жезол“ и „Константин Филозоф“. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“, највисоко признание за поетски превод.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер