„Пиратите“ се враќаат

Новата студија на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO) покажува дека пиратеријата на Интернет се зголемила за прв пат по неколку години.

Всушност, стапките на пиратерија паѓаат веќе неколку години, така што пресвртот во тој тренд е значаен.

На своето најосновно ниво, онлајн пиратеријата е копирање или кражба на дигитална содржина. Тоа може да биде музика, видео, софтвер, е-книги или кој било друг вид на содржина што бара плаќање.

Во раните 2000-ти, алатките како „Napster“ и „Limewire“ им дозволуваа на луѓето бесплатно да преземаат музички и видео датотеки, лишувајќи ги креаторите од нивниот приход. Појавата на стриминг услуги како што се „Netflix“, „Apple Music“ и „Spotify“ го олеснуваат пристапот до неограничена содржина - и обезбедуваат креаторите да добијат финансиска надокнада за нивните креации.

Новите претплатни услуги им олеснуваат на луѓето да пристапат до која било дигитална содржина што ја сакаат, кога ја сакаат. И имајќи предвид дека овие услуги се релативно достапни, повеќе луѓе избираат да платат за содржината.

Сепак, наодот на „EUIPO“ дека пиратеријата е зголемена сугерира дека нешто се променило. Според нивната студија, 48% од целата пиратерија е предизвикана од луѓе кои нелегално гледаат ТВ содржини. Така, 58% од пиратите пристапуваат до нелегална содржина преку стриминг сајтови, додека 32% преземаат епизоди од услуги за споделување датотеки базирани на торент.

Постојат два главни проблеми со дигиталната пиратерија. Прво, на креаторите им се одземаат приходите. Не страдаат само големите компании - губат и луѓето кои работат зад сцената.

Второ, пиратеријата е нелегална. Казните за кражба на дигитална содржина варираат од земја до земја, но може да бидат доста сериозни. Во Обединетото Кралство, дигиталните пирати се соочуваат со затворска казна до пет години и парична казна од 5000 фунти .

Без оглед на казната, пиратеријата е нелегална и може да бидете кривично гонети доколку сте осудени за пристап или кражба на дигитална содржина.

„EUIPO“ шпекулира дека финансиските притисоци, како што е инфлацијата, значи дека луѓето имаат помалку пари за трошење на забава. Ова може да се види во фактот дека помалку луѓе се регистрираат за „Netflix“ или „Amazon Prime“ - а некои дури и целосно ги откажуваат своите претплати.

„EUIPO“ сугерира дека наместо да престанат да гледаат дигитални содржини на интернет, овие луѓе користат нелегални извори за да пристапат до ТВ емисиите што ги гледаат. И затоа стапките на пиратерија се во пораст.

Извор: Б92

Младиот велешанец кој излета на автопатот Велес-Скопје, вон животна опасност

Изутрината во  06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31 годишниот велешанец П.К., излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во велешката болница, информираат од СВР Велес.

Како што изјави за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница на повредениот кој во велешката болница бил донесен во 7:00 часот, веднаш ми била укажана лекарска помош и бил испратен на одделот за Радиодијагностика и томографија и била констатирана скршеница на лева натколеница и бил оставен до 11 часот на посматрање во одделението за Хирургија,ортопедија и трауматологија при велешката Општа болница. Поради сериозноста на повредата потоа со возило на Итна помош бил препратен на понатамошно лекување во скопските клиники.

Како што информираат од СВР Велес, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници извршиле увид на местото на настанот.

Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената

Руските власти ги обвинија САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената, еден ден откако Советот за безбедност на ОН ја отфрли руската предлог-резолуција на оваа тема, и по сличното обвинување од Вашингтон за Москва.

Тие обвинувања и контраобвиненија ги оживуваат стравовите, отсутни уште од Студената војна, за можна трка во вооружување и покрај постоењето на договор за вселената од 1967 година кој повикува „да не се развива нуклеарно оружје или кое било друго оружје за масовно уништување посебно за поставување во орбитата" на планетата Земја.

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова оцени дека американското отфрлање на предлог-резолуцијата покажува дека САД имаат за цел „да го стават оружјето во вселената и да ја направат арена на воена конфронтација“.

„Пропуштена е нова можност да се спречи трка во вооружување во вселената поради вина на САД и нивните сојузници“, рече Захарова.

Кон крајот на април, САД и Јапонија претставија своја предлог-резолуција до Советот за безбедност на ОН за да се спречи милитаризација на вселената, но Русија стави вето, критикувајќи го фактот дека текстот се фокусира само на еден вид оружје, нуклеарното оружје.

Предлог-резолуцијата претставена вчера од Русија и Кина, која делумно го содржи текстот блокиран во април, исто така ги повикува сите земји-членки да преземат „итни мерки“ засекогаш да го спречат распоредувањето оружје во вселената и заканата или употребата на сила во вселената.

Сепак, тој предлог не ги собра деветте гласови потребни за усвојување. /МИА

Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени

Земјоделци од селата Иловица и Штука во Општина Босилово денеска го блокираа патот до нивните села заради ниските откупи цени на младиот компир.

Со трактори и земјоделска механизација тие ја блокираа крстосница што води кон двете села револтирани од откупната цена на младиот компир која денеска изнесувала 15 денари за килограм.

Според земјоделците, младиот компир треба да се откупува за најмалку 25 денари за килограм, бидејќи сегашната не ги покрива ниту основните трошоци за производство.

Земјоделците од Иловица и Штука од вчера имаат договор да не земат амбалажа и да не го предаваат родот.

притисни ентер